Бектеши: Преку преговори со пазарџиите ќе стигнеме до соодветен закон за пазари

Од:

Преку разговори со сите засегнати страни ќе се обидеме да најдеме соодветно решение за Законот за тргување на зелените пазари, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Како министер за економија надлежен за Законот за тргување на зелените пазари сметам дека мора да има закон, но нема да биде каков што е актуелниот. Одредбите од законот отворено ќе ги договараме со сите засегнати страни и ќе донесеме одлука, имајќи во предвид дека имаме доволно време зашто законот е одложен за следната година, изјави Бектеши во одговор на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандум за разбирање со косовскиот колега Валдрин Лука.

Тој нагласи дека минатата недела заедно со премиерот Зоран Заев имале состанок со пазарџиите од Бит пазар и Зелениот пазар на кој се договориле и нив да ги вклучат во работната група за новиот закон.

Би можело да ве интересира

Стопанска комора: Формирањето комора на тезгаџии да не се регулира со Законот за трговија на зелени пазари

Ана Ололовска

Продолжуваат консултациите меѓу институциите и пазарџиите за трајно решение

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Зеќири: Се изнаоѓа решение кое ќе биде во корист на земјоделците, пазарџиите

Ана Ололовска

СДСМ: Законот за трговија на зелените пазари е одложен, се работи на решение во интерес на земјоделците, пазарџиите и економијата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ацевски: Сите пратеници да го поддржат одложувањето на Законот за трговија на зелените пазари

Наум Локоски

(ВИДЕО) Димовски: Власта манипулира со пазарџиите со одложување на законот

Ана Ололовска