Бектеши: Повлечените 1.700 мегавати главно се од снабдувачите кои ги обезбедуваат компаниите на слободниот пазар

Од:

Еднаш месечно или еднаш во два месеца може да се утврди кој трговец или снабдувач повлекол одредени количини електрична енергија од мрежата. Затоа на дневна база не се знае точно и тоа не е дел од Извештајот што го подготвува Владата, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Според Бектеши, повлечените 1 700 мегавати од европската мрежа, како што соопшти вчера МЕПСО, се главно од снабдувачите кои ги обезбедуваат компаниите на слободниот пазар, но дел се и од ЕСМ.

-Точни се податоците на МЕПСО. Утрово имав координација со директорот на ЕСМ и сакам да ги уверам граѓаните дека моментно не се увезува електрична енергија за потребите на регулираниот пазар. Овие повлекувања не се сите од страна на ЕСМ, туку може да се направат и од снабдувачите кои ги обезбедуваат компаниите на слободниот пазар. Овие 1 700 мегавати повлекување се само во недела и повеќето не се од ЕСМ, туку се главно од снабдувачите кои ги обезбедуваат компаниите на слободниот пазар, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања.

Најважно е, дополни Бектеши, што ЕСМ е подготвено и првпат има резерва и во делот на трансформаторот во случај да се случи најлошото.

Би можело да ве интересира

Од денеска не важат замрзнатите цени на храната – се стравува дека нагло се ќе поскапи

Анита Петровска Рајковиќ

Битиќи: Цената на струјата се регулира не само со стапката на ДДВ, туку и со други одлучувачки параметри

Ана Ололовска

Нема продолжување на мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи

Катерина Павлова-Николовска

Струјата нема да поскапи, а може и да се намали уверува Бектеши

Анита Петровска Рајковиќ

Дали ќе имаме евтина дневна тарифа за струјата зависи од калкулациите на РКЕ

Во март целата потрошена електрична енергија била од домашно производство

Ана Ололовска