Бектеши: Почнува реализацијата на шест мерки од четвртиот пакет

Од:

Почнува реализација на шест мерки во рамки на Министерството за економија од Четвртиот сет на мерки на економски мерки на Владата за ревитализација и рестарт на економијата во услови на COVID 19, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.
Со одлука на Владата, Министерството за економија ќе префрли 60.000.000 денари, односно еден милион евра на посебна наменска сметка на Развојна банка на Северна Македонија со што ќе се овозможи почеток на реализацијата на бескаматна кредитна линија за микро и мали средни претпријатија од Четвртиот сет економски мерки на Владата за справување со последиците од COVID 19.
Оваа кредитна линија ќе биде лансирана со грант средства од Европската Унија преку Развојната банка во рамките на сетот мерки за ревитализација и рестарт на економијата во услови на COVID-19.
На денешната седница на Владата беа усвеоени и две Програми во рамки на Министерството за економија за поддршка на туризмот од Четвртиот сет мерки.
Со овие две програми почнува реализација на пет мерки во надлежност на Министерството за економија за поддршка на туристичкиот сектор.
Се работи за мерките:
-Враќање на уплатена такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти
-Грантови за лиценцирани туристички агенции
-Грантови за лиценцирани туристички водичи
-Грантови за ресторани за свадба
-Грантови за игротеки
Вкупната вредност на двете Програми за поддршка на туризмот изнесува 459.650.000 денари.
По објавувањето Програмите во Службен весник, Министерството за економја ќе објави јавни повици на кој ќе може да аплицираат сите физички и правни лица.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов