Бектеши: Почна со работа новиот производствен погон на Леар и Нормак во ТИРЗ Тетово, инвестиција од 15 милиони евра и до 1.500 нови вработувања

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја врачи употребната доозвола за новиот производствен погон на американската компанија Леар и Нормак инвестмент груп во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово.

Како што информираше министерот Бектеши, инвестицијата на новиот втор циклус изнесува 15 милиони евра, а производниот погон е изграден на површина од 8.000 м2. Со оваа инвестиција се отвораат нови од 1.000 до 1.500 работни места.

„Се реализира уште една значајна инвестиција во Северна Македонија. Девет месеци откако бевме тука на поставувањето на камен темелникот за заедничката инвестиција на вториот циклус на Нормак инвестмент груп и американската компанија Леар, денеска имам чест на менаџментот на компанијата да ја предадам употребната дозвола за новиот производствен погон. Ваквите големи инвестиции се поддржани од државата и инвеститорите имаат поволности и низа олеснувања во повеќе фази на процесот на инвестирањето“ кажа министерот Бектеши.

Според него ваквите инвестиции даваат голем придонес за локалниот економски развој пред се во делот на вработувања, развој на човечкиот капитал, а влијаат позотивно на извозот од овој регион пред се бидејќи се креираат производи со поголема додадена вредност.

„Доказ за тоа се и позитивните резултати од работењето, посебно во време на криза предизвикана од пандемијата, Леар успеа да го зголеми извозот за 10% во 2021 година, по растот на извозот од 15% во 2020 година“ кажа Бектеши.

Александар Зарков, генерален директор на Нормак Инвестмент Гроуп се заблагодари на Министерството за економија на поддршката која ја даваат на Технолошко индустриската развојна зона во Тетово и на Нормак инвестмент груп.

„Како резултат на успешната приказна која ја градиме со Леар, и останатите инвеститори во ТИРЗ Тетово минатата година споредено со 2020 година бележиме раст на извозот од 16%, а споредено со 2019 година растот на извозот од оваа зона е 25%“, кажа Зарков.

Вања Стојановски, генерален директор на Леар се заблагодари на вработените во Леар и не поддршката на Владата за екседитивноста за реализација на оваа инвестиција што ќе значи раст на компанијата и зголемен извоз на странските пазари.

Американската компанија „Леар Корпорејшн“ е водечки глобален застапник за навлаки за седишта за автомобили и електрични дистрибутивни системи.

Вкупната инвестиција на компанијата во ТИРЗ Тетово изнесува 35 милиони евра. Во првиот производствен погон кој се простира на површина од 12.000 м2 и кој почна со работа во 2016 година се инвестирани 20 милиони евра и 2.000 вработувања.

Вториот производствен погон се простира на површина од 8.000 м2, вкупната инвестиција е 15 милиони евра и се предвидени 1000-1500 нови вработувања.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава