Бектеши-Петкова: Северна Македонија има интерес за учество во Белене

Од:

Интересот за учество на Северна Македонија во изградбата на нуклерната централа Белене во Бугарија е уште еден чекор за продлабочување на соработката во делот на енергетиката. Северна Македонија сака да биде партнер на Бугарија во изградбата на овој важен енергетски капацитет за што бенефит ќе има целиот регон. Ова било истакнато во Софија на средбата меѓу министерот за економија Крешник Бектеши со бугарската министерка за енергетика,Теменужка Петкова.

Бектеши истакнал дека Владата и Министерството за економија во наредниот период ќе работат на реализација на проекти за енергетско поврзување на двете земји. Северна Македонија во изминатите две години, како што потенцирал тој, направи големи реформи во енергетскиот сектор и целосно ја транспонираше европската регулатива.

-Имаме потполно нов Закон за енергетика во кој се транспонирани европските регулативи. Работиме напорно да ги зголемиме капацитетите за производство на електрична енергија од обновливи извори, посебно од сонце и за таа цел преминавме од фидинг тарифи на премиум тарифи. Првиот јавен повик за изградба на фотоволтаични централи на државно земјиште кој беше објавен пред неколку месеции е многу успешен е пример во регионот. На јавниот повик пристигна понуди од инвеститори кои бараат 0 евра премиум од државата за произведената струка, истакнал министерот Бектеши.

Во делот на снабдување со електрична енергија министерот Бектеши уште еднаш го изрази интересот на државата да учествува со 10 отсто во изградбата на нуклеарната централа Белене и да купува 10 отсто од произведената струја, за што министерката Петкова потенцираше дека е од исклучително значење за Бугарија.

-Нуклеарната централа Белене е таков проект кој може да го реши дефицитот на струја во регионот. Освен Северна Македонија, за учество во проектот пристигна понуди од 13 стретешки инвеститори. До крајот на годината ќе направиме конечна листа на стратешки партнери кои се во трка за учество во изградбата на нуклеарната централа и на почетокот на 2020 година ќе ве поканиме на техничко ниво и вие како држава и заинтересирана страна да започнете преговори со приватните инвеститори за учество во Белене, посочила министерката Петкова.

Министерот на средбата информирал за инвестициите кои ги прави државата во изградба на гасификационата мрежа, и изрази интерес за побрза изградба на интерконекциската врска за снабдување со природен гас од Бугарија на потегот Петрич-Струмица.

Во рамки на посетата во Софија, министерот Бектеши остварил средба и со министерката за туризам на Бугарија, Николина Ангелкова. Како обврска превземена на првата македонско-бугарска меѓувладина Комисија за економска соработка, министерот Бектеши и достави на министерката Ангелкова, предлог Меморандум за соработка во туризмот. Двајцата министри договорија откако работни групи од двете страни ќе ја подготват финалната верзија на Меморандумот истиот да биде потпишан во ноември во Северна Македонија.

Целта на Меморандумот е двете земји да ја зголемат соработката во делот на туризмот преку заеднички презентации на трети пазари, но и да се поттикне соработката на туристичките оператори меѓу двете земји за зголемување на туристичките посети.

Според податоците од Министерството за туризам на Бугарија, минатата година над 560 илјади Македонци туристички ја посетиле Бугарија, а во првите осум месеци годинава регистрирани се над 360 илјади туристички посети од Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов