Бектеши: Очекуваме солидарност од сите стопанственици, кризата да не биде на грбот на граѓаните

Од:

Очекуваме солидарност од сите стопанственици во нашата држава за кризата да не биде на грбот на граѓаните, изјави за МИА министерот за економија Крешник Бектеши, во пресрет на утрешното стапување во сила на замрзантите цени на дел од тестинините и млечените производи.

Министерството за економија прави дополнителни анализи на податоците за евентуално проширување на одлуката на Владата за замрзнување на цените. Сите одлуки, како што вели Бектеши, се носат заедно со здруженијата и коморите.

Согласно со одлуките што беа донесени минатата недела од утре ќе бидат замрзнати цените на тестенините и на дел од млечните производи. Цените на тестенините (макарони и шпагети) на полиците во маркетите ќе бидат пониски за 15 проценти, а на млечните производи (кравјо млеко 2,8 проценти,3,2 проценти, 3,5 проценти, како и јогурт, кисело млеко, павлака, кравјо и мешано бело сирење и кравји кашкавал) ќе бидат пониски за 10 проценти.

-Дополнително, Министерството за економија прави анализи за проширување на одлуката за замрзнување на цените на другите основни производи кои беа опфатени во Одлуката за замрзнување на маржата, односно за јајцата од кокошка, македонски ориз, бел шеќер. Штом ќе бидат готови анализите на податоците за овие производи ќе донесеме одлука дали мерката за замрзнување на цените ќе се прошири и кај нив. Сите одлуки ги носиме заедно со здруженијата и коморите. Очекуваме солидарност од сите стопанственици во нашата држава за кризата да не биде на грбот на граѓаните, изјави Бектеши за МИА.

Тој и претходно порача дека очекува сите компании опфатени со замрзнувањето на цените на тестенините и млечните производи да ја почитуваат одлуката и да ги поевтинат производите како што е предвидено и најави дека во спротивно ќе следат нови одлуки. Направени се, како што рече, прецизни анализи и простор за намалување на цените има, без компаниите да бидат во загуба.

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави дека ќе биде на терен веднаш по стапувањето во сила на одлуките на Владата. Казните за непочитување на одлуките изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

На 28-ми минатиот месец Владата ја замрзна и цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Бектеши бара да се репреговара една енергетска инвестиција: Не може два или три пати да се дава државна помош на ист инвеститор

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Бектеши: Првпат по три децении ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски