Бектеши: Објавени два јавни повици за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и за занаетчии за поддршка на инвестиции на домашниот бизнис

Од:

Министерот за економија Крешник бектеши денеска на прес-конференција информирашње дека Министерството за економија согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2022 година објави два јавни повици за поддршка на домашните компании.

„Објавени се јавните повици за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и за субвенционирање на занаетчии, кои што ќе траат заклучно со 6 мај 2022 година, односно еден месец. Поддршката од страна на Министерството за економија која што е предвидена за домашните компании преку овие два јавни повици е вкупно 56 милиони денари, односно приближно ЕДЕН милион евра. При што вкупно 50 милиони денари се предвидени за субвенционирање на микро, малите и средни претпријатија или околу 800 илјади евра и 6 милиони денари за поддршка на занаетчиите или околу 100 илјади евра“ кажа Бектеши.

Како што информираше министерот, условите на Јавниот повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија предвидуваат: да вработуваат најмалку три лица, односно најмалку две лица доколку апликантот е претпријатие во сопственост и управувано од жена, а ќе се кофинансираат 30% од докажаните трошоци направени за набавка на машини потребни за производствениот процес на, но не повеќе од 200.000 денари по барател.

„Согласно Јавниот повик за субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, ќе бидат кофинансирани 40% од докажаните трошоци направени зa набавка на машини и алати наменети за работа, кои се направени во текот на 2021 и 2022 година, но не повеќе од 100.000 денари по барател“, кажа Бектеши и додаде дека и за двата Јавни повика, согласно условите, субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци на компаниите за набавка на машини настанати во 2021 и 2022 година за компаниите кои ги исполнуваат следите услови: да се компании со мнозински домашен капитал, не добиле државна помош, во претходните три години не биле субвенционирани преку јавните повици од КИП програмата на Министерството за економија, да се основани најмалку една година пред објавување на јавниот повик, да не работеле со загуба во 2021 година, ги имаат подмирано сите обврски кон државата, да не е покрената стечајна постапка за нив и се од дејноста –Преработувачка индустрија.

„Средствата кои се на располагање на двата Јавни повици ќе се распределат кај сите апликатни кои што ги исполнуваат условите по принципот Рамномерен регионален развој.Тоа значи дека апликантите покрај износот за кофинансирање утврден во Јавниот повик ќе добијат и дополнителна финансиска поддршка во зависност од планскиот регион од каде е седиштето на апликантот, која ќе се пресметува врз основа на процентуална разлика помеѓу планскиот регион со највисока вредност на БДП по глава на жител и вредноста на БДП по глава на жител на планскиот регион во кој е седиштето на барателот на финансиска поддршка“, додаде министерот.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов