Бектеши: Нема да има нагло поскапување кога ќе престанат да важат одлуките за замрзнување на цените

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши тврди дека нема да дојде до нагло поскапување на производите кога ќе престанат да важат владините одлуки за замрзнување на цените.

Според него, производителите и трговците можат да направат калкулации согласно постечките цени на суровините и другите параметри кои се влезни во утврдувањето на финалната цена на производите.

-Нема таков ризик оваа година. Ги повикав сите производители и увозници, тие знаат кога поскапуваат суровините и кога е жетвата, да се подготват зашто мерките може да продолжат и по 31 мај. Значи, нема никаков ризик од зголемување на цените, производителите и трговците може да направат калкулации согласно постечките цени на суровините и другите параметри како влезни во утврдувањето на финалната цена. Сите моментно се со маржа на профит и со цените утврдени од Владата, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања откако во изјава пред Владата соопшти дека се замрзнуваат цените на хигиенските производи.

Во врска со ставот на бизнисот дека замрзнувањето на цените не е пазарна мерка и наместо тоа е подобро да се интервенира преку стоковните резерви, Бектеши рече дека замрзнувањето на цените дава резултат и тоа граѓаните може да го забележат во секојдневното пазарење.

-Имам голема почит кон стопанските комори. Ако во државните резерви има хигиенски производи, овошје и зеленчук, тогаш ќе ги активираме ама мислам дека треба да бидат подобро информирани кога излегуваат со вакви изјави, дека во стоковните резерви нема резерви на вакви производи. Пченица и брашно има, но тоа сега не е тема. Делот за замрзнување на цените на леб, ориз, пченица,… даваат резултати и тоа граѓаните секој ден го чуствуваат кога пазарат, потенцира Бектеши.

Тој уште еднаш кажа дека се додека има потреба за замрзнување цени, Владата ќе носи такви одлуки.

-Овие одлуки првично важат до 31 мај, но може да се продолжат. Сепак, најдобро ќе биде да се усвои Предлогот во делот на Законот за ДДВ од страна на Собранието зашто тогаш ќе имаме системско и долгорочно решение за основните прехранбени и за хигиенските производи, рече министерот.

Би можело да ве интересира

Поскапува еуросупер БС-95, цените на другите горива не се менуваат

Орце Костов

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

Орце Костов

Дел од маркетите ги зголемиле цените, Пазарен инспекторат ќе проверува дали купувачите се доведени во заблуда

Орце Костов

Бектеши: Одлуката за продолжување на рокот на замрзнатите цени дава простор Собранието да го усвои новото законско решение за нефер трговски практики