Бектеши на средба со МАТТО: Трговската размена со Турција бележи раст, добредојдени се инвестиции во стратешките сектори

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши вчеравечер учествуваше на седницата на Управниот одбор на македонско-турската стопанска комора МАТТО, каде е почесен претседател од македонска страна. Тој пред членовите на управниот одбор на МАТТО изјави дека Република Турција е значаен трговски партнер на Република Македонија и се наоѓа на 8-то место за периодот јануари – ноември 2017 и во 2016 година, а вкупните турски инвестиции во Република Македонија изнесуваат 1,2 милијарди САД долари и претставуваат 35% од вкупните странски инвестиции.

„Посветено се работи на градење стабилна и предвидлива бизнис-клима за да можете вие и вашите компании да креирате деловни развојни планови, но и да влегувате во нови инвестиции без одолговлекување и неизвесност. Поради традиционално добрите трговски односи кои ги имаме со Турција, одличните примери за успешно работење кои ги покажавте со досегашните инвестиции во Македонија, како и економскиот и инвестиционен потенцијал на вашата земја, сакам да напоменам дека посакувани и добредојдени се инвестиции во стратешките сектори, како што се: производство на автомобилски компоненти, информатичко-комуникациска технологија, земјоделство и преработка на храна, потоа бизнис-услуги и аутсорсинг, фармацевтска индустрија и медицински помагала, енргетика и обновливи извори на енергија, туризам, градежништво и инфраструктура“, изјави министерот Бектеши.

Бектеши истакна дека успехот што ќе го постигнат приватните компании и бизнисот е огледало на успехот на владините економски политики, информирајќи ги стопанствениците и за неодамнешната официјална посета во Турција каде со турскиот колега Нихат Зејбекџи ја потпишаа Одлуката на Мешовитиот комитет по Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција, која има за цел продлабочување на билатералната економска соработка и поттикнување на трговијата, која во последните години бележи раст.

Тој објасни дека со ова се создаваат идентични услови во примената на правилата за потекло и ќе важи за земјите членки на ЕУ, за оние ЦЕФТА земји кои ја применуваат Спогодбата за стабилизација и асоцијација и ЕФТА државите.

Министерот изрази уверување до стопанствениците дека министерството за економија ќе биде сервис за деловната заедница, вклучувајќи ги и 62-те македонски и турски компании, членки на МАТТО, и ќе ги поддржи секогаш кога ќе имаат потреба.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов