Бектеши-Лука: Македонско-косовските односи на највисоко можно ниво досега

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска беше домаќин на делегација од Република Косово предводена од министерот за економски развој Валдрин Лука. На средбата од македонска страна присуствуваа и директорот и заменик на ЕЛЕМ, Драган Миновски и Фатмир Лимани, директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, директорот на МЕР Бајрам Реџепи и заменик директорот на Царинска управа Ирфан Бучи. Министерот Бектеши ги претстави актуелните енергетски проекти и можностите за заедничка соработка со косовската страна.

„Во наредниот период актуелен проект за реализација од страна на двете држави е поврзувањето на електроенергетските системи на двете земји со ревитализација на 220 кВ далноводи кон Косово. Ова би значело и уште една дополнителна врска со електроенергетските системи на ЕУ, бидејки Косово преку Албанија ќе се поврзе со Италија, што значи зголемување на доверливоста на нашиот електропреносен систем. Исто така, наскоро од наша страна ќе се објави меѓународен тендер за доделување на премии за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали, што ќе значи преку тендер да се додели правото на производителот на електрична енергија од обновлив извор на енергија да користи премија како дополнителен фиксен износ на цената која ја остварил со продажбата на произведената електрична енергија на пазарот на електрична енергија на големо“, рече Бектеши, додавајќи дека ново поле на соработка во наредниот период нуди и гасификацијата, бидејќи согласно Физибилити студијата за гасификационен систем на Република Македонија со идеен проект, покрај постоечката интерконекција со Бугарија кај Деве Баир, предвидени се 6 дополнителни потенцијални интерконекции меѓу кои и спојување со Косово кај Скопје.

Министерот за економски развој Валдрин Лука изрази интерес за проектот за гасификација, бидејќи со него се отвара можност за развој на оваа мрежа во двете држави, напоменувајќи дека корисна би била и размената на искуства во развојот на обновливите извори на енергија, со цел постигнување на целите во рамки на исполнувањето на барањата на Енергетската заедница.

„Подготвувањето на заедничките проекти ќе ни овозможи на двете држави заедничко претставување пред странските финансиски институции, со цел ангажирање на средства за реализација на заедничките проекти“, истакна Лука.
Меѓу темите на разговор на средбата беше и термоелектраната Осломеј и нејзиното евентуално снабдување со висококалориски јаглен од Косово, што допрва треба да биде предмет на истражување, потоа ХЕЦ Чебрен и Галиште, како потенцијален балансер во електроенергетските системи во регионот, како и инвестициските проекти од двете страни кои значат и следење на европската енергетска транзиција.

Текот на реализацијата на автопатот Скопје-Блаце, која претставува еден од приоритетите на ЈП за државни патишта, како и подготовката на проектна документација за делниците Тетово-Јажинце и Опаје-Станишиќ се најдоа меѓу темите на разговор на двете страни, како и можностите за продолжување со проектот за едношалтерскиот систем, а операционализација на дел од споменатите проекти може да донесе и заедничката седница на македонската и на косовската Влада, планирана кон средината на оваа година.

По завршување на работниот состанок меѓу делегациите од двете земји, министерот Берктеши и министерот Лука го потпишаа и Меморандумот за разбирање во енергетскиот сектор помеѓу двете министерства, со кој се очекува да се интензивираат билатералните односи во енергетскиот сектор согласно националните политики и стратегии, преку дефинирање на приоритетните области за соработка како што се: секторот за електрична енергија, јаглен, природен гас, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, безбедно снабдување со енергија, како и подготовка на релевантни инфраструктурни проекти за интерконекција за електриочна енергија и гас и други проектни иницијативи.

Двајцата министри се согласија дека меѓусоседските односи меѓу Република Македонија и Република Косово се на највисоко можно ниво досега, што треба да се искористи за продлабочување и проширување на соработката во сите области.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов