Бектеши-Галовеј: Поддршката на бизнисот за зачувување на работните места клучна за справување со корона кризата

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари видео-состанок со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј на кој тема беа мерките кои што ги превзема Владата за поддршка на компаниите за справување со последиците од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, како и плановите за повторно враќање на економијата во нормала.

Како што соопшти Министерството за економија, Бектеши ја информираше британската амбасадорка за двата пакета економски мерки кои што ги донесе Владата за поддршка на најпогодените сектори, чија главна цел е да се спаси секое работно место, а предвидуваат меѓу другото државна поддршка за исплата на минимална плата од 14.500 денари за работниците и намалување за 50 проценти на трошоците за персонален данок за најпогодените компании.

– Постојано сме во комуникација со бизнис-заедницата и секојдневно работиме на мерки за олеснување на работењето на компаниите. За нас најважно е да го зачуваме секое работно место. Во директна комуникација сме и со домашните, но и со странските компании во нашата земја кои што се најголеми извозници, но имаат и најголемо учество во македонскиот БДП. Целта е да им излеземе во пресрет за полесно да се справат со последиците од оваа криза, истакна министерот Бектеши.

Тој, воедно најави дека во наредниот период ќе се одржат низа состаноци со странските инвеститори кои што работат во технолошко-развојно индустриските зони на кои што ќе им бидат претставени мерките кои што ги донесе Владата , но и ќе се земат предвид и тешкотиите со кои тие се соочуваат како резултат на корона кризата со цел да се обезбеди нивно непречено работење.

Амбасадорката Галовеј, се наведува во соопштението, истакна дека веќе се разгледуваат можности за пренасочување и зголемување на поддршката која што ја дава Обединетото Кралство преку различни фондови за Северна Македонија, пред се, за зголемување на деловната активност.

Воедно, таа најавила и дека заедно со економскиот тим во Амбасадата и во Обединетото Кралство, но и со британските компании кои што работат во Северна Македонија ќе ги разгледаат сите можности кои им стојат на располагање бидејќи оваа криза ќе биде предизвик за сите, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Бектеши бара да се репреговара една енергетска инвестиција: Не може два или три пати да се дава државна помош на ист инвеститор

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Бектеши: Првпат по три децении ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Бектеши: За мнозинството граѓани сметките за струја ќе бидат пониски

Бектеши: Треба да се ослободат уште 200 милиони нормални кубни мети во гасоводот за воопшто да не користиме руски гас