Бектеши: 72.000 компании добиваат субвенционирана струја, мал дел од компаниите се на слободен пазар

Од:

Моментално во нашата држава, 72.000 компании се на регулиран пазар и се снабдуваат со струја од АД ЕСМ. Само еден мал дел од компаниите, главно големите компании кои имаат од 1.000 до 2.000 вработени се на слободен пазар, а тоа значи дека тие се снабдуваат од одредени трговци кои се лиценцирани во нашата држава за да ги снабдуваат со електрична енергија, истакна министерот за економија Крешник Бектеши.

За време на посетата на РЕК Битола каде се одбележа Денот на рударите, министерот Бектеши ги отфрли и оцени како погрешни тврдењата на како што рече еден опозционен лидер дека државата не го субвенционира стопанството.

-Еден лидер на одредена политичка партија во опозиција вчера кажа дека во моментов не се субвенционира бизнис заедницата, односно стопанството во целина. Тоа не е точно, истакна министерот за економија Бектеши и додаде дека неговите проценки дека цената на електричната енергија за стопанството ќе биде по 235 евра за мегаватчас не се точни затоа што таа ќе изнесува 200 евра, што значи разликата е 35 евра и како електроинженер тоа треба да го знае.

Моментално во нашата држава, како што посочи, 72.000 компании се на регулиран пазар и се снабдуваат со струја од АД ЕСМ. – Само еден мал дел од компаниите, главно големите компании кои имаат од 1.000 до 2.000 вработени се на слободен пазар, а тоа значи дека тие се снабдуваат од одредени трговци кои се лиценцирани во нашата држава за да ги снабдуваат со електрична енергија. Над 70.000 компании во нашата држава се снабдуваат како мали потрошувачи бидејќи имаат под 50 вработени и немале обрт над 2 милиони евра согласно законот за енергетика. Тоа значи дека сите тие добиваат цена од 200 евра по мегават час, а цената на струјата на слободниот пазар, на светските берзи во пикови е над 800 евра и ако направиме споредба на 800 со 200 евра, и ако утре на пример падне на 400 евра…тогаш како може да се тврди дека нема субвенција од државата, појасни Бектеши

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

Орце Костов