БДП во последниот квартал лани со раст од 3.4 отсто

Од:

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2019 година е 3.4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2019 година, најголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 8.1 отсто, градежништво од 6.7 отсто и информации и комуникации од 5.7 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2019 година номинално расте за 3.5 отсто, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62.9 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намали за 0.8  отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 5.1 отсто.

Би можело да ве интересира

ЕБОР: Растот на македонскиот БДП годинава 2,0 отсто

Бериша: Албанија оди кон грчко сценарио на банкрот, јавниот долг достигна 107 отсто од БДП

А1он

Светска банка со подобрена прогноза за растот на БДП на земјава во 2021 година

Надворешниот долг изнесува 29,3 проценти од БДП

А1он

Монстат: БДП на Црна Гора лани се намали за 15,3 проценти

А1он

„Finance Think“: Растот на БДП е резултат на масовната имунизација и нормализацијата на економските текови

А1он