Баросо: Систем за укинување на проблематичните банки е приоритет во 2013-та

Од:

Работата врз системот за укинување на проблематични банки пред тие да ја загрозат пошироката економија, е од клучно значење оваа година, соопшти денеска ЕК.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо изјави дека покрај плановите за покренување на единствениот банкарски надзор во еврозоната, пред летото ќе изнесе „формален предлог закон за единствен механизам за решавање на проблемите во банкарскиот сектор“.

– Сметам дека тоа прашање е апсолутен политички приоритет. Тој предлог не е ништо помалку значаен од единствен надзор и нема да биде ништо поедноставен во правна, техничка и политичка смисла, наведе Баросо.

Лидерите во ЕУ на самит од минатиот месец одобрија формирање Единствен надзорен механизам, регулатор кој ќе функционира паралелно со Европскиот стабилизациски механизам. Цел е надзор и помош на кредитори во проблеми пред да направат преголема шетат врз економијата.

Би можело да ве интересира

Османи: МНР ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на ЕУ

Владата може сама да го прифати предлогот без Собрание – детали од брифингот со Ковачевски, Османи и Маричиќ

Анита Петровска Рајковиќ

Владата го објави предлогот на француското претседателство

Орце Костов

(ВИДЕО) Маричиќ: Брзо ќе почнат преговорите ако го прифатиме овој предлог

Орце Костов

Генчовска: Нема нов француски предлог, сè зависи од Скопје

Анита Петровска Рајковиќ

Бала: Првата меѓувладина конференција ЕУ-Албанија ќе се одржи следната недела

А1он