Барањето за исплата на плати за февруари и март поставено на платформата на УЈП, работодавачите до 30 април да го поднесат на е-даноци

Од:

Барањето за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците за февруари и март 2021 година „образец БФП-ИП/3“ е поставено на платформата на УЈП е-даноци (https://etax-fl.ujp.gov.mk/), информираат од Управата за јавни приходи.

– Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-даноци најдоцна до 30 април 2021, а комплетноста на барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од три дена од денот на доставувањето на барањето, посочуваат од УЈП.

Од таму потсетуваат дека за остварување на правото работодавачот поднесува барање за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците (образец БФП-ИП/3) за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи, врз основа на Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за февруари и март 2021 година („Службен весник на РСМ“, бр. 85/2021).

– Начинот на пополнување на барањето за финансиска поддршка за исплата на плати за февруари и март 2021 година (образец БФП-ИП/3) е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување, прецизираат од УЈП.

Би можело да ве интересира

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Синдикалната минимална кошница за март 58 998 денари, само за еден месец се зголеми за 1522 денари

Орце Костов

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Ковачевски: Успеавме просечната плата да ја издигнеме на 40.000 денари

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД