Барањата за поддршка за плата на работниците откако ќе влезат во сила законите и подзаконските акти

Од:

Работодавачите и самостојните вршители на дејност барањата за поддршка за плата од петтиот пакет мерки ќе може да ги поднесуваат до Управата за јавни приходи откако ќе бидат објавени и ќе влезат во сила законите и подзаконските акти, а крајниот рок е 30 април.

-Барањата за финансиска поддршка за исплата на плати на работодавачите и физичките лица кои вршат самостојна дејност ќе може да се поднесуваат електронски преку системите на Управата за јавни приходи по објава и влегување во сила на законите и подзаконските акти – Правилниците за формата и содржината на Барањето за финансиска поддршка за исплатата на платите на работниците и Барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства во Службен весник на Република Северна Македонија. Барањата до Управата за јавни приходи ќе се поднесуваат најдоцна до 30 април 2021 година, велат од Управата за јавни приходи.

Законските решенија, кои беа подолого време заглавени во Собранието, пратениците ги изгласа на седница вчера, а се однесуваат за исплата на плати за месеците февуари и март 2021 година. Се очекува да бидат опфатени 60 илајди работни места.

Според законското решение месечната поддршка за самостојните вршители на дејност е 17.410 денари. Средствата нема да бидат вратени доколку 50 отсто од искористената финансиска поддршка до крајот на 2021 година се искористи за инвестициски вложувања, односно вложувања во материјални средства.

Исплатата на платите на работниците кај работодавачот-барател на финансиска поддршка за месеците февруари и март 2021 година, е во износ најмногу до 21.776 денари месечно по работник.

Мерката за поддршка на платата беше дел и од претходните антикризни пакетеи за месеците април, мај и јуни и октомври, ноември и декември 2020 година.

Од Упрвата за јавни приходи наведуваат дека согласно последниот пакет на антикризни мерки финансиската поддршка за исплата на плати ја искористија приближно 13000 работодавачи за околу 66000 работници, додека финансиската поддршка за исплата на финансиски средства е исплатена на околу 6000 самостојни вршители на дејност.

Би можело да ве интересира

УЈП го следи случајот со текстилната фабрика „Баргала“, контролата е при крај

Ана Ололовска

Лукаревска: Изречени се повеќе од 400 глоби за неиздавање фискални сметки

Ана Ололовска

УЈП правела техничко доусогласување, ќе се исплатат и останатите средства од „Мој ДДВ“ за првото тримесечје

Ана Ололовска

Државната помош за февруари и март ја злоупотребиле 181 работодавач, не дале плати на 753 вработени

Ана Ололовска

На 31 мај истекува рокот за потврда или корекција на даночни пријави

Барањето за исплата на плати за февруари и март поставено на платформата на УЈП, работодавачите до 30 април да го поднесат на е-даноци

Ана Ололовска