Банките подготвени за исплата на социјалната и детска заштита

Од:

Банките се подготвени да ја извршат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита, која почнува од денеска за оние кои поседуваат дебитни картички, а од понеделник во експозитурите, соопшти Македонската банкарска асоцијација.

– Сите корисници на парична помош од социјална и детска заштита, коишто поседуваат дебитни картички, ќе располагаат со средствата, преку банкоматите и во трговската мрежа од денеска, петок, 3 јули 2020 година во попладневните часови,наведуваат од Асоцијацијата.

За корисниците кои не користат картички, и овојпат исплатата ќе се спроведе во групи, во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

– 6 јули (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

– 7 јули (вторник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

– 8 јули (среда) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;.

Од банките ги замолуваат клиентите коишто не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до утврдениот распоред, како и до препораките за заштита на здравјето, односно носење лична заштитна опрема и одржување соодветна дистанца.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска