Банките очекуваат олеснување на условите и зголемување на побарувачката за кредити

Од:

Банките во првиот квартал од годинава ги заостриле кредитните услови кај корпоративниот сектор, а кај населението ги олесниле, покажува Анкетата на Народната банка на Република Македонија за кредитната активност на банките.

Најголемиот дел од банките оцениле дека ризиците имале неутрално влијание врз кредитните услови кај населението, а кај претпријатијата сметале дека овие фактори придонесуваат за заострување на кредитните услови.

Во првиот квартал на 2014 година, над половината од банките ги посочуваат очекувањата за вкупната економска активност, перспективата на гранката на која припаѓа претпријатието, како и ризикот од неизвршување на обезбедувањето како основни причини за поконзервативна кредитна политика.  Ваквите движења упатуваат на поконзервативни оценки на ризикот од страна на банките за првото тримесечје на 2014 година.

Резултатите покажуваат и дека голем број од банките укажале оти монетарната политика има делумно влијание врз нивната каматна политика.

Во првиот квартал и кај населението и кај претпријатието е забележано умерено зголемување на побарувачката на кредити. Кај населението тоа зголемувње е послабо во однос на претходната анкета. Кај претпријатијата има поголемо зголемување на кредитната побарувачка кај малите и средните преторијатија, додека кај големите тоа е послабо. Претпријатијата најмногу кредити барале за инвестиции во основни средства, залихи и обртен капитал. Кај населението е забележано зголемена побарувачка на станбените и потрошувачките кредити.

Банките очекуваат во наредните три месеци натамошно олеснување на кредитните услови и зголемување на побарувачката на кредити и кај населението и кај претпријатијата.

Во наредниот период 96 проценти од банките очекуваат да не се променат кредитните услови за одобрување на корпоративните кредити.

Најголемиот дел од банките сметаат дека во првиот квартал кредитните услови продолжија да се олеснуваат. Околу 25 проценти од банките укажуваат дека ризикот од неизвршување на обезбедувањето придонесува за заострување на кредитните услови, а од друга страна, околу 11 отсто од банките укажуваат дека очекувањата за вкупната економска активност придонесуваат за олеснување на кредитните услови.

Како фактор кој придонесува за олеснување на кредитирањето околу 50 отсто од банките ја навеле конкуренцијата од другите банки.

Ваквите движења во анкетата се објаснуваат со зголемениот број банки кои очекуваат зголемување на побарувачката на кредити (од 22 отсто на 83 отсто од банките кај станбените кредити и од 57 отсто на 85 отсто од банките кај потрошувачките кредити), на сметка, пак, на намалување на бројот на банките кои не очекуваат поголеми промени кај побарувачката кај двата типа кредити.

Со анкетата спроведена во март се опфатени 14 банки.

Би можело да ве интересира

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан