Банките можат да овозможат втор период на одложена отплата на кредитите

Од:

Банките можат на своите клиенти да им понудат втора одложена отплата на кредитните обврски, соопшти попладнево Народната банка.

Оттаму информираат дека ваквата одлука е донесена по неколкуте одржани состаноци со Македонската банкарска асоцијација со цел да им се помогне на клиентите погодени од пандемијата.

– Условите и начинот на промена на договорените услови за втор период на одложување на отплатата на обврските по основ на кредит треба да го дефинираат банките. Се очекува во своите понуди, банките да имаат јасно дефинирани критериуми за одобрување на втор период на одложена отплата, со цел да се помогне на клиентите кои се погодени од ковид-кризата. Истовремено, се очекува начинот на промена на договорните услови да биде најсоодветен за клиентите и да овозможи брз, сеопфатен и ефикасен пристап до сите коишто имаат објективна потреба од натамошно олеснување на финансискиот товар заради ковид-кризата, а истовремено да се заштити и нивното здравје, се наведува во соопштението од централната банка.

Вториот период на одложена отплата на кредитите може да трае до 6 месеци, односно до крајот на март 2021 година.

– Регулаторната можност банките на своите клиенти да им понудат и втора промена на договорните услови за кредитни производи треба да придонесе за натамошна поддршка на економијата во целина, во справувањето со предизвиците наметнати од ковид-кризата, велат од Народната банка, додавајќи дека постојано се следи развојот на настаните и потенцијалните ризици и доколку е потребно навремено ќе реагира со натамошни мерки.

Би можело да ве интересира

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

Орце Костов

Кредитите кај нас нема наскоро да поевтинат: Има само тренд на привремено стабилизирање на поскапувања, сметаат од НБРМ

Орце Костов

Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите

Tigo Multi – Осигурете си финансиска сигурност со -50% попуст на каматата!

Предраг Петровиќ

Народна банка: Просечните камати на депозитите во јули 1,50%, на кредитите 5,49%

Орце Костов