Банката на Англија не предвидува раст за британската економија оваа година

Од:

Банката на Англија,која ја има улогата на Централна банка во Велика Британија не предвидува никаков раст на домашната економија оваа година,намалувајќи ја својата претходна економска прогноза, јави дописникот на МИА од Лондон. Ова е трето по ред менување и намалување на економската прогноза што го прави оваа банка во изминатите осум месеци.

На самиот крај од 2011 година, Банката на Англија навести раст од 2 осто за оваа година, што во мај драстично го намали,за да го сведе на 0,8 отсто.

Сега,меѓутоа,експертите на банката тврдат дека британската економија во следните четири месеци не ќе може да постигне ниту најмал раст од само 0,1 отсто, па за 2012 година тие предвидуваат “нулти раст”.

Банката во денешното соопштение вели дека се менува и среднорочната прогноза за економскиот раст, од досегашните 2,8 отсто до 2015 година, на 2,1 отсто во следните двеипол години.

Сегашната прогноза за економијата на земјата мора да се намали,затоа што актуелната ситуација е полоша од онаа во мај, призна гувернерот на Банката на Англија Мервин Кинг.

Тој рече дека во следните месеци до крајот на годината се очекува натамошно намалување на инфлацијата, што се оценува како “олеснување за веќе прилично исцедената домашна потрошувачка моќ”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски

Англиски насилник брутално претепа жена, косата на жртвата и беше црвена од крв