Бабовски: Уште десет дена за поднесување на барања за субвенции за премии во осигурување на посевите и добитокот

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги потсетува сите земјоделци дека остануваат уште десет дена за поднесување на барања за помош за премии во осигурување. Ова значи дека, сите земјоделци кои веќе ги осигурале посевите или добитокот, ќе можат до 31 – ви август 2020 година да достават барање за добивање на финансиска поддршка за полисите за осигурување.

Барањата се доставуваат секој работен ден во Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, појаснува дека:

„Преку оваа мерка, државата субвенционира 60 отсто од средствата што земјоделците ги дале за полисата за осигурување на родот и добитокот. На овој начин директно им се помага на земјоделците во намалување на трошоците за заштита на родот од временски непогоди а истовремено се штитат и од можни загуби доколку дојде до нив“, појаснува Бабовски.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, апелира до сите земјоделци да не чекаат последниот рок за поднесување на барањата, туку навреме и со користење на заштитни маски за заштита од корона вирус да ги достават барањата до Подрачните едници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Би можело да ве интересира

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

СДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов