Бабовски: Искористени максимално средствата од ИПАРД програмата

Од:

Оваа година е историска за искористување на средствата од ИПАРД програмата, со што државата првпат не плаќа пенали за неискористување на овие европски средства.

Ова го соопшти директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Николче Бабовски, кој заедно со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврша увид во изградбата на новите улици во селото Караорман.

-Ова е прва година, кога парите не се враќаат неискористени назад во Европа, туку сите ги искористивме, максимално, историски момент, рече Бабовски.

Оценува дека и во делот на искористување на средствата од националната програма имаат реализација од 100 отсто, а како што рече Бабовски, со ова максимално се трудат средствата да ги вратат кај граѓаните.

Во изминатиот период, како што рече, се инвестира во патна инфраструктура, пристап до земјоделски површини, нови водоводи и канализации во руралните средини се со цел населението да остане и да работи во својата земја.

Според него задоволство е на терен да се види успешно реализиран проект, а во интерес на жителите во руралните средини.

-Со Програмата за рурален развој ќе се гради и локалниот пат до селото Почивало. Тоа е во вредност од 19,9 милиони денари. Само преку добро инфраструктурно поврзување на населените места можеме да обезбедиме непречен развој и на добра и на луѓе, да го скратиме нивниот пат до населените места, до Штип, а преку регионалниот пат и до другите општини во овој регион. На тој начин и како Влада и како Агенција се трудиме да обезбедиме рамномерен регионален развој и пристојни услови за живот на сите граѓани, вели Бабовски.

Градоначалникот на Општина Штип, Бочварски истакна дека и проектот за изградба на новите улици во селото Караорман се реализираше со помош на Платежната агенција.

-Се работи за финансиска поддршка во висина од 3,2 милиони денари, додека кофинансирањето на Општината е околу 2,6 милиони денари. Што значи реализиравме еден сериозен проект, од речиси 100.000 евра, што е значаен за граѓаните, бидејќи овде досега луѓето газеа во кал, рече Бочварски.

Би можело да ве интересира

Почнува кампања на инфо денови за мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Николовски: Искористеноста од 41% од буџетот на ИПАРД 2 програмата е потврда за вложувањата во агро секторот

Ана Ололовска

СДСМ: Средствата од ИПАРД програмата имаат реализација од 99%, нови 13,3 милиони евра за поддршка на земјоделците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Атанасов: Нови 13,3 милиони за поддршка на земјоделците, средствата од ИПАРД програмата реализирани 99%

Ана Ололовска

Нови 13,3 милиони евра од ИПАРД 2 со мерката за инвестиции во материјални средства за земјоделски и рибни производи

Ана Ололовска

Нови 13,3 милиони евра од ИПАРД 2, државната поддршка реализирана 99 отсто

Ана Ололовска