Азески: Подготвени сме да ги ставиме сите свои капацитети во процесот кон европските вредности

Од:

Од денес мора да продолжиме да работиме исто како да сме добиле датум минатата недела – Македонија нема друга алтернатива и мора да продолжи да оди по европскиот пат. Заради тоа, повикувам сите политички чинители во државата да ги преземат сите дејствија за доекипирање на тимовите кои би учествувале во преговарачките процеси и да се анимираат сите експертски и професионални потенцијали, сите ресурси во општеството, и активно, секојдневно да се продолжи работата за приближување кон европските вредности, традиции и принципи, порача претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.

Во соопштение до медиумите, Азески наведува дека недобивањето датум за почеток на преговори не е причина за да се бараат изговори и откажувања, заедничките тимови, како што вели, мора да продолжат непрекинато да работат, без оглед на најавените избори, а „ако сакаме воопшто и да помислиме на ЕУ, не смее ни да се помисли на било што друго освен спроведување на изборниот процес по највисоките европски принципи“.

Нагласува дека Стопанската комора на Македонија, како најстара и најзначајна бизнис-асоцијација во земјата, врз основа на искуствата на нејзините партнерски комори од тие земји во водењето на пристапните приговори на Словенија, Хрватска и Бугарија, како сериозна институција има донесено документ за нашето партиципирање во тој процес.

-Во тие земји, претставниците од коморите биле активно вклучени во целиот тек на преговарачките процеси, па дури и биле главни преговарачи за определени поглавја (вклучувајќи ги на пример, поглавјата 11, 12 и 13 поврзани со секторот земјоделство), наведува претседателот на Стопанската комора. Затоа, и јавно декларираме дека сме подготвени да ги ставиме сите свои капацитети (стручната служба на Комората и база на повеќе од 950 менаџери, стопанственици и експерти од различни области, вклучени во органите и телата на Комората) на располагање во тој процес.Заеднички мораме да продолжиме да ги правиме сите потребни реформи не затоа што некој друг од надвор ни ги бара, туку затоа што се неопходни, истакнува Азески.

Би можело да ве интересира

Дендиас: Не знам дали можеме да ја смениме француската политика, но ќе се обидеме

Ана Ололовска

ЕП ќе ги повика сите земји-членки на ЕУ да ја ратификуваат Истанбулската конвенција

Ана Ололовска

Пленковиќ: За Западен Балкан ништо не е поважно од европската перспектива

(ВИДЕО) Борисов: Мицкоски ме увери дека влезот на земјата во ЕУ и НАТО е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ

Сасоли: Блокадата на Скопје и Тирана покажува дека се потребни реформи во ЕУ

Ана Ололовска

Моншалан: Европската перспектива на Северна Македонија не е доведена во прашање

Ана Ололовска