Азески: Македонското стопанство се наоѓа пред најголемиот предизвик досега

Од:

Во моментов никој не може да процени колку ќе трае и како ќе се развива предизвикот пред кои сме исправени. Владата засега се снаоѓа добро и тоа е за поздравување, иако се работи за Влада со ограничени ингеренции. Но, мора да се упати апел за спас на домашните компании и бизниси, да се креираат мерки за сите можни сценарија. Нашите интерни анкети покажуваат дека состојбата меѓу компаниите е демотивирачка зашто недостасува предвидливоста како клучен фактор за бизнисот. Збунети сме и од немањето заедничка стратегија за справување со пандемијата од страна на ЕУ, како и од состојбата што секоја држава применува посебни мерки, што претставува основа за брз колапс на бизнисот, вели за МИА претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, коментирајќи ја новонастанатата ситуација предизвикана од коронавирусот.

Тој потенцира дека во вакви услови треба да бидат избалансирани степенот на барањата на компаниите и реалната можност на државата да одговори на нив. Двете страни, додава, треба да ги приближуваат ставовите со упорни преговори.

Азески порачува и дека во овој момент е важно да функционира транзитниот сообраќај низ Република Словенија и Република Хрватска. Тоа, напоменува, е од огромна важност за македонската економија и затоа мора да се направи сé тој коридор да се одржува во кондиција ако не сакаме да имаме брз колапс на економијата. Притоа, мора да се разграничи дека постои разлика во забраните за лицата и за стоките зашто се создаваат забуни кои имаат сериозен одраз на терен.

Според него, прашањето на општествената одговорност на јавниот и на приватниот сектор мора да се подигне на максимално високо ниво. Секој треба да е свесен дека ќе има негативни реперкусии врз неговата позиција.

-Не може да се очекува дека никој нема да биде оштетен во текот на расчистувањето на состојбите. Тоа значи дека степенот на барањата на компаниите и реалната можност на државата да одговори на нив треба да бидат избалансирани и со упорни преговори да се приближуваат ставовите. Искуствата од досегашните кризи низ кои сме поминале зборуваат дека мора да се спасат компаниите зашто со тоа се спасува државата. Сведоци сме дека во целиот свет се истураат милиони и милијарди за спас на компаниите и затоа ја охрабруваме Владата тоа да го има предвид. Но, и компаниите мора да бидат реални во своите барања, подвлекува Азески.

Тој го поздравува и фактот дека од самиот почеток во конципирањето на мерките се вклучени и бизнис-асоцијациите, преку Платформата за јавно-приватен дијалог.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

Стопанска комора ќе бара од ЕУ да ги пролонгира роковите за одредени стандарди и регулативи кај бизнисот

Горан Наумовски

Стопанска комора: Владата го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но бараме целосно да се стопира неговото донесување