Азески: Кадровската политика приоритет во концептот „Комора на иднината“

Од:

Со назначувањето на Михајло Донев за в.д. оперативен директор за развој, иновации и знаење, Стопанската комора на Северна Македонија го заокружи промовирањето на концептот „Комора на иднината“.

Донев доаѓа на функцијата по пет и пол години работа во Комората на различни позиции во областа на образованието, едукацијата и работата на проекти.

Според претседателот на Комората, Бранко Азески, постојано се води сметка за кадровската политика и тоа е еден од клучните приоритети. Денес, дополни, по градењето свои кадри во изминатите 15 години, Комората брои 40 високобразовани кадри, од кои три доктори на науки, 18 магистри и 10 експерти од сите сфери.

-За дa влијаеме на поголема примена на информациско-комуникациските технологии во компаниите, мораме да покажеме достоен пример дека и ние постојано се трансформираме во насока на градење Комора која е агилна и приспособлива преку понудување соодветна експертиза за своите членки, рече Донев на промоцијата.

Според Даниел Матракоски, соработник во коморската стручна служба, коморите мора да се менуваат за да одговорат на потребите на членките.

-Оттука и реинвенцијата, односно реосмислувањето на работата секогаш е на дневен ред. Дигитализацијата е вистинскиот чекор за успех на долги патеки. Комората треба да ги искористи идеите кои се иницираат во време на криза за да излезе како посилен и подобар партнер на бизнис заедницата, истакна Матракоски.

Нена Николовска, експерт во Комората, изјави дека за неа Комората на иднината е куќа на бизнисот која долгогодишното искуство го има преточено во иновативност со цел да одговори на потребите на компаниите.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

Стопанска комора ќе бара од ЕУ да ги пролонгира роковите за одредени стандарди и регулативи кај бизнисот

Горан Наумовски

Стопанска комора: Владата го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но бараме целосно да се стопира неговото донесување

Стопанска комора: Обемот на соработката во регионот се намалува, компаниите во многу тешка позиција поради неизвесноста