Азески: До крајот на јуни ќе предложиме три закони за регулирање на паричните обврски

Од:

Стопанската комора на Македонија до средината на годинава на Владата ќе и предложи три законски решенија за регулирање на паричните обврски во земјава.

– Уште минатата година најавивме дека ќе предложиме закони за поттикнување на инвестициите, за гарaнтен фонд и за обезбедување на побарувањата. Консултациите веќе ги извршивме на ниво на ресорните министерства и на нивни сугестии изменивме низа одредби и сега сме во фаза на привршување на разговорите внатре во Комората на база на забелешките што ги добивме за да можеме да излеземе со конкретни барања, изјави претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески во одговор на прашање по конститутивната седница на Регионалната комора со седиште во Кавадарци.

До крајот на јуни, нагласи, планираме тоа да го заокружиме и во втората половина од годинава да се видат некои резултати, со што мислиме дека ќе му помогнеме на стопанството.

– Со гарантниот фонд ќе се поттикне државната помош на компаниите во делот на обезбедување на колатералот, посебно кај малите и средните претпријатија. Со законот за поттикнување на инвестициите ќе им се помогне на компаниите кои инвестираат со државна помош што на некој начин и сега функционира, а ние само предлагаме некои подобрувања. Со законот за обезбедување на побарувањата практично ќе ја подобриме состојбата на ликвидноста, појасни Азески.

Ќе го продолжиме дијалогот со Владата, посочи, и ќе бидеме фокусирани на овие три работи како и на отворање на нови пазари за компаниите надвор од Европа со што мислиме дека ќе можеме да им помогнеме на некаков начин да се апсорбира негативниот тренд на извозот што го има во овој момент.

Последните мерки на Владата за ослободување од каматите на фирмите кои имаат на заостанати обврски по основ на пензиско и здравствено осигурување ги оцени како стимул за одреден број компании иако додаде дека кризата наметнува донесување на невообичаени решенија.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Комора на геодетски друштва: Новиот тарифник е пресметка на директорот со приватните компании

Орце Костов

Бранко Азески бара функционерите да штедат: Службените возила за викенд ви се по нивите и по швалерај

Орце Костов

Комора на приватно здравство: Висината на капитацискиот бод да се одредува според методологија

Годишно изборно собрание на Македонско-бугарската стопанска комора

Ана Ололовска

Членките на ЦЕФТА да користат арбитража за решавање на споровите

Ана Ололовска