Азески бара Михалос и Јанакакис да интервенираат за блокадата на Евзони

Од:

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески упати ургентни дописи до претседателот на Унијата на грчките трговско-индустриски комори Константин Михалос и до амбасадорот и шеф на Канцеларијата за врски на Република Грција во Македонија Димитриос Јанакакис, со барање за нивно соодветно вклучување за нормализирање на нарушените сообраќајни комуникации поради блокадите на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони.

Како што соопшти Стопанската комора, барањето на Азески е во насока на што поитно изнаоѓање решение за надминување на состојбите.

– Сугурен сум ќе се согласите дека ваквите состојби негативно се одразуваат врз економско-финансиското работење на компаниите од двете земји и ако не се најдат соодветни и навремени решенија, може да предизвикаат дологорчни негативни последици врз нашите национални економии, наведува Азески во дописот до Михалос.

Имајќи предвид дека е неизвесно до кога ќе трае блокадата, а неисклучувајќи ја и можноста ситуацијата да ескалира и кон другите гранични премини меѓу двете земји, Стопанската комора на Македонија апелира, додава Азески, за интензивирање на контактите со надлежните органи, институции и влијателни фактори на внатрешен и меѓународен план во барањето помош за нормализирање на состојбите и споздавање услови за непречени деловни комуникации.

– Во интерес на бизнис заедниците верувам безрезервно ќе се вклучите во активностите за надминување на настанатата ситуација со цел деловните релации да добијат нормален тек од кој бенефитот ќе го почувствуваат не само директно засегнатите стопанственици, туку и економиите во целина, потенцира Азески.

Во дописот до Јанакакис, претседателот на Комората предупредува дека блокадите нема да се одразат само врз меѓусебната соработка, туку ќе имаат поширока меѓународна димензија за двете земји.

– Свесни дека настанатата ситуација не може лесно да се контролира и да се предвиди колку ќе трае, Стопанската комора оцени за потребно директно да се обрати до надлежните домашни и меѓународни органи со цел да ги исцрпи сите можности и ресурси за да помогне за нормализирање на нарушените меѓународни бизнис комуникации предизвикани од блокадите, истакнува Азески.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија во двата дописа изразува надеж дека ќе наиде на целосно разбирање од Михалос и Јанакакис.

Би можело да ве интересира

Блокада на премините кон Грција поради штрајк на грчките цариници

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Грчките земјоделци вечерва го блокираа преминот „Евзони“ за влез на товарни возила

Грчките земјоделци утре на протест на граничниот премин „Евзони“, велат дека не отстапуваат додека не бидат исполнети нивните барања

Нормализирано е влегувањето преку преминот „Евзони“, тргната блокадата на грчките земјоделци

Горан Наумовски

Преминот „Евзони“ блокиран од грчките земјоделци, патници и камиони се пропуштаат по 10 минути на секој половина час