Азербејџан откажа зделка со Боинг од милијарда долари од безбедносни причини

Од:

Азербејџанската авиокомпанија АЗАЛ откажа договорот вреден милијарда долари со „Боинг” за купување на 10 авиони од моделот 737 Макс.

– АЗАЛ одбива да купи 10 авиони од Боинг поради безбедносни причини, изјави Паша Кесаминси, портпарол на таа азербејџанска авио-компанија.

Најмногу продаваниот авион на „Боинг”, 737 Mакс, е приземјен во светот по катастрофата од 10 март, во која загинаа 157 луѓе, а која се случи само пет месеци по падот на ист авион на Лајон Ер во Индонезија, при што загинаа 189 лица.

Многу земји забранија 737 Макс авиони да полетуваат или слетуваат на локалните аеродроми.

Би можело да ве интересира

Нов инцидент: На „Боинг 737“ му отпадна дел од крило за време на лет

Горан Наумовски

Авион ненадејно „падна“ на сред лет за Нов Зеланд, повредени се десет патници

Горан Наумовски

Свиркачот кој го тужеше „Боинг“ наводно се самоубил

Горан Наумовски

ВИДЕО: Авион на Боинг лета опожарен

А1он

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах