Австрискиот амбасадор до пратениците: ЕУ знаме за новиот закон за игри на среќа не смее да има

Од:

Австрискиот амбасадор Георг Вуцас, бара од пратениците од Комисијата за европски прашања, доколку на дневен ред биде ставен предлог Законот за игри на среќа, истиот да не го разгледува поради ненадлежност и да не дадат согласност за предлог законот поради неуставност. Вуцас укажува дека владеењето на правото ги опфаќа сите институции и процеси, а исклучително е важна одговорноста што ја има законодавниот дом.

Контроверзните измени на законот прекршуваат и четири члена од Уставот на Република Северна Македонија, предупредува амбасадорот.

„Актуелните одредби ги нарушуваат темелните вредности на уставниот поредок во член 8 од Уставот на Република Северна Македонија, т.е. владеење на правото, слобода на пазарот и претприемништво, почитување на општоприфатените норми на меѓународното право“- пишува во писмото од амбасадорот на Австрија во земјава.

Амбасадорот во писмото потенцира дека измените на Законот кои што ги предлага Владата се косат и со други членови од Уставот – членот 51 каде е регулирано дека сите закони мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Вуцас наведува дека измените на регулацијата се спротивни и со членот 52 од Уставот во кое е регулирано дека законот не може да има ретроактивно дејство, а се косат и со членот 59 кој гласи:

„На странските вложувачи им се гарантира правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивката. Правата стекнати врз основа на вложениот капитал не можат да се намалуваат со закон или друг пропис“.

Од Владата и Собранието велат дека го добиле писмото од амбасадорот и најавија дека ќе го разгледаат.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

Вкупниот број на вработени во игрите на среќа е колку бројот на жители во две општини во источна Македонија

Предраг Петровиќ

Повеќе од 10 илјади вработени во игрите на среќа, индиректна поддршка за дополнителни 54 илјади работни места

„Сакам да работам“ за евентуалниот локален референдум во Тетово: Зошто ги премолчувате причините заради кои Албанија се откажа од забраната на игрите на среќа?

Ана Ололовска

Измените на Законот за игри на среќа се во согласност со препораките на ЕУ вели премиерот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) АПИС до пратениците: Која ЕУ директива предвидува затворање на легални игри на среќа и 10 илјади луѓе да останат без работа?

Горан Наумовски