Австрија зафатена од најтешката рецесија од Втората светска војна

Од:

Пандемијата на коронавирусот на Австрија и донесе досега невиден пад во економијата од седум проценти, со рекордна стапка на невработеност и буџетски дефицит од околу 10 проценти, прогнозираат економските институти Вифо и ИХС.

„Тоа ќе биде длабока, но кратка рецесија“, истакна институтот Вифо, додавајќи дека растот е ограничен на само два квартала, така што економијата следната година не ќе може да го достигне нивото од пред кризата.

Економскиот раст за следната година се предвидува на четири до шест проценти.

Во совладувањето на кризата, економската политика, како што сугерираат експертите, треба да се фокусира на зајакнување на секторите на растот, бидејќи тие, исто така, ја овозможуваат и неопходната консолидација на буџетот.

Истовремено, експертите на Вифо и на ИХС предупредуваат дека вториот бран на коронавирусот може да значи уште поголемо намалување на БДП-то на земјата.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче