Астрономски 424 милијарди евра ја чини Франција кризата со Ковид-19

Од:

Помеѓу вонредните мерки, стимулацијата и намалувањето на приходите, трошоците за здравствената криза од 2020 до 2022 година се неверојатни за државната каса на Франција. Епидемијата на коронавирусот ќе остави длабока трага во јавните финансии на таа држава бидејќи за борба против таа здравствена криза, владата планира да одвои астрономска сума од 424 милијарди евра за 2020, 2021 и 2022 година. Ова е еквивалентно на 20 отсто од бруто домашниот производ (БДП) од 2020 година.

Оваа бројка претставува разлика помеѓу прогнозата на јавниот дефицит пред кризата и она што конечно го внесе Оливие Дисопт, министер задолжен за јавните финансии, во програмата за стабилност што ќе биде испратена во Брисел за неколку дена. Тоа е, со други зборови, она што ќе недостасува во касата на државата во споредба со очекуваното и недостатокот е импресивен.

Поголемиот дел од „фактурата“ од кризата ќе биде распределен на 2020 и 2021 година. Според сега конечните податоци наминистертсвото за економија и финансии, економската цена на епидемијата, издлабена минатата година со строгиот карантин во пролетта, достигна 158 милијарди евра, поделена помеѓу намалувањето на даночни приходи и исклучителните расходи (Фонд за солидарност, делумна невработеност и сл.). Додека за ова година тоа ќе чини 171 милијарда евра – вклучувајќи 56 милијарди посветени на итни мерки и, несомнено, малку помалку за релансирање. Во 2022 година вкупната сметка се очекува да се искачи на 96 милијарди евра. За овие три години, државата очекува соодветни дефицити од 9,2 отсто, 9 отстои 5,3 отсто.

Франција не е единствената држава која е сериозно погодена. Според проценката минатата година од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), се очекува кризата да ја чини светската економија повеќе од 12 000 милијарди долари (10.100 милијарди евра). Досега незапаметена фактура, поради глобалната природа на епидемијата. Во април 2008 година, во срцето на финансиската криза, истата институција ја процени сметката за кризата на кредитниот пазар на само околу 945 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии

Во Франција, бројот на случаи на сифилис се зголеми за 110% за две години