АСО: За 83 отсто зголемен бројот на претставки решени во корист на осигуреници

Од:

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за 83 отсто го зголеми бројот на претставки решени во корист на незадоволни осигуреници за првите девет месеци годинава во споредба со истиот период лани. До крајот на септември, како што информираат од АСО, позитивно се решени 22 претставки на осигуреници кои се пожалиле од осигурителните друштва, а во истиот период лани во корист на осигуреници биле решени 12 претставки.

dobivaj vesti na viber

-АСО, заклучно со крајот на септември годинава, доби 127 претставки од незадоволни осигуреници. Во споредба со истиот период лани, кога биле поднесени 62 претставки, годинава нивниот број е удвоен. Во процес на решавање се 14 претставки, а негативно се решени 76 претставки. За 12 од поднесените претставки е утврдено дека се поднесени без основ, а три се повлечени од страна на подносителите. Во овој период АСО, врз основа на претставки примени од незадоволни осигуреници, на три осигурителни друштва им изрече четири мерки од кои две се парични глоби, прецизираат од АСО и нагласуваат дека од вкупниот број на поднесени претставки 106 се поднесени од граѓани, а 22 поднеле правни лица.

Од аспект на видот на осигурување, додаваат, најмногу претставки, односно 55 се поднесени за штети настанати кај осигурување од автомобилска одговорност (најзастапената класа на осигурување задолжителна со закон).

-Од нив 15 се решени во корист на незадоволни осигуреници. За оштетни побарувања покриени со осигурување од незгода биле поднесени 24 претставки, а позитивно се решени две. Од 10 претставки за осигурување имот позитивно е одлучено во два случаи. Пет претставки се поднесени за здравствено осигурување, а по една за осигурување посеви и плодови, патничко осигурување, каско осигурување и за осигурување финансиски загуби. Четири претставки се поднесени за останатите видови неживотни осигурувања. За осигурување живот се поднесени 13 претставки од кои две се решени позитивно, велат од АСО.

Како причина за незадоволството на осигурениците, како што истакнуваат, во 50 случаи бил основот за исплата на штета.

-Во 34 случаи причина за поднесувањето на претставка била висината за надоместокот (АСО не одлучува за висината, но ги разгледува околностите и аргументите врз основа на кои е одреден надоместокот). На рокот за исплата на штета се жалеле седум подносители на претставки, а ист број се жалеле за обработка на штета. Тројца се жалеле на регресното побарување, двајца на одговорот што го добиле од компанијата на нивниот приговор. Уште 12 претставки се поднесени по останати основи за поднесување, посочуваат од АСО.

Би можело да ве интересира

Осигуреник наплатил 308.000 евра штета за осигуран имот

Ана Ололовска

АСО: Продажбата на полиси достигна 122 милиони евра, осигурувањето порасна за 18 отсто

Ана Ололовска

Исплатени 47 милиони евра за неживотно осигурување

Ана Ололовска

Бројот на исплатени штети зголемен за 15 проценти, осигуреници наплатиле 31,5 милиони евра

Ана Ололовска

Зголемување на капиталот на Халк Осигурување АД Скопје

Ана Ололовска

Осигурителните компании платиле 10,2 милиона евра провизии за продажбата на своите посредници

Ана Ололовска