АСО: Најголемата штета исплатена за осигурен имот, осигуреник наплатил 200.000 евра

Од:

Во првите шест месеци годинава граѓани, компании и институции наплатија 1,94 милијарди денари (31,5 милиони евра) обесштетување за штети покриени со осигурителни полиси за неживотно осигурување. Компаниите за неживотно осигурување во првото полугодие годинава исплатиле 319,5 милиони денари (5,2 милиони евра) односно 20 отсто повеќе штети во споредба со истиот период минатата година, информираат од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Според официјалните податоци на АСО, за првите шест месеци од годинава највисоката исплатена штета покриена со осигурителна полиса изнесува 12,28 милиони денари (200.000 евра) и е исплатена за осигурување имот. Штетата ја наплатило правно лице осигурано кај друштвото за осигурување неживот АДОР „Македонија“.

Втора според вредност штета во првото полугодие годинава, велат од АСО, е исплатена во класата задолжително осигурување од автомобилска одговорност. Износот е 10,66 милиони денари (173.000 евра) и ја исплати „Евроинс осигурување“.

– Третата поединечна највисока штета е исплатена од АДОР „Македонија“ исто така по основ на полиса за осигурување имот. Нејзината вредност изнесува 7,1 милиони денари (115.000 евра), а обесштетено е правно лице. Следна според исплатената вредност е најголемата поединечна штета во класата на зелената карта. Изнесува 6,2 милиони денари (101.000 евра) исплатени се од „Халк Осигурување“. Највредната штета во класата карго (со која се осигуруваат стоки во превоз) изнесува 4,9 милиони денари (80.000 евра) и е исплатена од компанијата „Триглав осигурување“, соопшти АСО.

Во класата осигурување од незгода, која има најголем број активни договори за осигурување во споредба со сите други класи доброволно осигурување, се додава во соопштението, највисоката штета ја исплатила компанијата „Еуролинк“ и таа изнесува 3,57 милиони денари (58.000 евра).

– Следи најголемата штета исплатена за моторно возило со каско осигурување и таа изнесува 1,78 милиони денари (29.000 евра), исплатена од „Винер ВИГ“. Кај патничкото осигурување најголема штета во првото полугодие исплатила „Сава Осигурување“ и таа изнесува 934.000 денари (15.200 евра). Кај најактуелното од доброволните неживотни осигурувања – приватното здравствено осигурување највисока штета исплатило друштвото „Халк Осигурување“. Таа изнесува 615.000 денари (10.000 евра), посочуваат од АСО.

Осигурувањето од финансиски загуби е доброволна класа на осигурување која има голем потенцијал и покрај малото пазарно учество бележи значаен раст. Во овој период, прецизираат од АСО, најголемата исплатена штета во оваа класа осигурување изнесува 468.000 денари (7.600 евра) и е покриена од „Сава Осигурување“.

Би можело да ве интересира

Македонските граѓани вложиле 87 милиони евра во осигурување на своите возила

Орце Костов

Граѓаните потрошиле 685.000 евра на патничко осигурување во јули, во зелен картон се вложени 2,8 милиони евра

Орце Костов

АСО: Вложувањата во неживотно осигурување надминаа 10 милијарди денари

Осигурениците наплатија 71 милион евра, осигурителните компании исплатија над 100 000 штети

Осигуреник наплатил 308.000 евра штета за осигуран имот

Ана Ололовска

АСО: Продажбата на полиси достигна 122 милиони евра, осигурувањето порасна за 18 отсто

Ана Ололовска