Арсовска: Има потенцијал за удвојување на трговската размена со Хрватска

Од:

Економската соработка со Хрватска има потенцијал за удвојување на трговската размена, при што отворени се можности за инвестиции од областа на индустриското производство, како и можности за развој на туризмот меѓу двете земји, порачува претседателот на Сојузот на стопански комори – ССК, Данела Арсовска.

ССК е дел од официјалната делегација на претседателот Стево Пендаровски што престојува во посета на Република Хрватска. Во рамките на посетата, информираат од ССК, претседателката на Сојузот Арсовска учествуваше на работна средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, како во официјалната програма со претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ.

Дел од делегацијата на Сојузот се и потпретседателот Драган Митковски, Претседателот на Индустриската комора Трајан Ангеловски и Претседателот на Туристичко угостителска комора на Македонија Владимир Граматиков.

-Претседателот Пендаровски посебен фокус во рамки на официјалните средби посвети на економската компонента, со цел унапредување на економската соработка меѓу двете држави и овозможување раст на трговската размена. Во рамки на дводневната посета претставниците на Сојузот на стопански комори учествуваат на билатерален деловен форум на високо ниво со претставници на Стопанската комора на Хрватска, а под покровителство на Претседателот Стево Пендаровски, соопшти ССК.

Би можело да ве интересира

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар

Ана Ололовска

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Сојузот на стопански комори 18 години репрезентативен глас на македонскиот бизнис

Ана Ололовска

ССК: Потребна е сериозна државна поддршка за справување со енергетското цунами

Ана Ололовска