Арони – свежина и здравје од природата, без шеќери и хемикалии

Од:

Секоја капка од Арони соковите имаат вкус на свежо исцедено овошје. Во време кога расте свеста за важноста на здравата исхрана, понудите за нездрава храна што се насекаде, како и постојаниот проблем со немање доволно време, Арони соковите ви ја носат природата со врвен квалитет, но за двојно или тројно пониска цена од конкурентските производи. Не пиете шеќери, нема додадена вода, вештачки бои, конзерванси и адитиви.

Шеќерот според лекарите и нутриционистите е една од најштетните супстанци што ги јадеме секојдневно, а во изобилство е присутен во секојдневната исхрана. Дури и онаму каде што не го очекувате. Сето ова претерување може ја поремети работата на метаболизмот, хормоните, па и црниот дроб. Најнови истражувања покажуваат дека шеќерот е еднакво отровен како и цигарите, како последица од преголемо внесување на шеќер секоја година во светот умираат 35 милиони луѓе. Затоа нема потреба да внесувате штетен шеќер и кога сакате да се освежите. Тука се Арони соковите.

Потрошувачите не добиваат нешто што е вештачки произведено за да биде послатко, туку добиваат преубав вкус директно од природата. Арони соковите стануваат препознатливи бидејќи овошјето е исцедено на специјални преси, а потоа е пастеризирано без шеќери и без вода, без конзерванси, вештачки бои и ароми.

Еден од најпознатите Арони сокови е оној од јаболко – вкусот кој е омилен на потрошувачите од земјава. Произведен е во идиличниот преспански регион од каде потекнува јаболкото со кое земјава се гордее – пораснато и одгледувано на надморска височина од 850 метри. Овој крај може да се пофали со најсочните и најквалитетни јаболка со препознатлив вкус.

Уште една гордост на Арони е и сокот од органска аронија одгледана на Шар Планина. Ова овошје до неодамна воопшто не беше проучено, но денес е омилен извор на здравје, особено на оние што не се воодушевени од вкусовите на цвеклото на пример. Денес е нарекувано „извор на здравје, „бобинка што спасува живот“, „најздравото овошје на светот“. Аронијата е богата со витамини, содржи калциум, калиум, железо, фосфор и јод. Бенефитите се многубројни – од прочистување на крвта, спречување на срцевите болести, регулација на крвиот притисок и холестеролот и многу други. Важи и за поголем антиоксидант од брусницата што ја прави особено корисна во прочистувањето на организмот и во превенција од малигни заболувања.

Органската аронија во соковите на Арони е од производство сертифицирано по ЕУ и БИО стандарди.

Арони нуди неколку комбинации на природни сокови: јаболко и аронија, цреша и јаболко, јаболко и ѓумбир, калинка, портокал, коктел од праска. Сите овие без шеќер, вода, бои, конзерванси и адитиви, но богати со витамини, минерали и со природни растителни влакна. Можете да изберете сок во стаклено шише од 200 или 750 милилитри – еколошко и нетоксично решение за разлика од пластиката која загадува и прима мириси. За поголема количина природен сок, тука е таканаречена „вреќичка во кутија“ од 2 и 3 литри. Ова пакување не е случајно избрано – овозможува сокот да остане свеж и до 45 дена откако ќе се отвори. Малата славина е конструирана така што недопушта внатре да влегува воздух, бидејќи како што се троши сокот, така вреќичката внатре се собира.

Соковите можете да ги најдете во поголемиот број маркети за здрава храна, како и во маркетите Зур, Стокомак и Жито, како и во голем број помали маркети низ многу градови низ државата. Арони соковите се присутни и во продавниците на некои европски држави.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Пановски: Фирма која лаже граѓани за здравје треба да се затвори

Анита Петровска Рајковиќ

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

Орце Костов

Животот е за забава: Нов и модерен е-шопинг со јапонскиот шмек на МИНИСО

Ана Ололовска

Компанијата Фине – станува FINE HOLDING

Ана Ололовска

Уште поширока понуда на производи на Хемофарм за пациентите и потрошувачите во Северна Македонија

Ана Ололовска