Аркан Керим нов претседател на Туристичко-угостителската комора при ССК

Од:

Аркан Керим, генерален менаџер на „Генералтурист“ е избран за претседател на Туристичко – угостителската комора (ТУК) во рамки на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) на последното Собрание на комората на кое присуствуваа членови од над 70 компании.

Од ССК информираат дека Керим ја добил довербата за претстојниот мандат како резултат на заложбите во изминатите години во туризмот, во афирмирање и во спроведување активности за унапредување на туризмот и угостителството.

– Една од нашите главни задачи во иднина ќе биде, регионално и меѓународно поврзување со сите компании од секторот туризам и угостителство. На тој начин, здружени полесно ќе ги детектираме предизвиците во насока на подобро деловно опкружување и развој на оваа многу значајна гранка, изјави Керим по изборот за претседател на ТУК при ССК.

Од 2010 година функцијата претседател на ТУК ја извршуваше Феркан Бербери. Во Туристичко – угостителската комора при ССК членуваат етаблирани компании од сите дејности во секторот туризам.

Би можело да ве интересира

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино