Анкета: Половина од Австријците се за 30 часа работа неделно

Од:

Речиси половина од вработените Австријци (49 отсто) сметаат дека работната недела треба да изнесува 30 часа, додека 23 проценти се за 35 часа, покажуваат резултатите од анкетата која ја спроведе порталот „karriere.at“.

Околу една петтина од испитаните, односно 18 проценти, се изјасниле за актуелната работна седмица од 40 часа. За работна недела од 20 часа се изјасниле само 10 проценти од испитаниците. Меѓу работодавачите, дури 60 проценти гласале за работна недела од 30 часа, за актуелната, 40-часовна недела се само 12 отсто, додека намалување на 35 часа неделно поддржува секој петти работодавач.

– Корона-кризата направи многу од работодавачите да бидат пофлексибилни, констатира Томас Олбрих од karriere.at. Тој вели дека тоа што вработените сакаат покуса работна недела не значи дека не сакаат да работат, туку напротив, сакаат покрај главната работа да се занимаваат и со некои самостојни проекти.

На политичко ниво, лидерката на Социојалдемократската партија Памела Вагнер подолго време се залага за работна недела од четири дена, што досега беше одбивано од Стопанската комора.

– Тој модел е модерен, овозможува поголема флексибилност и за претприемачите и за вработените, аргументира таа.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче