Анѓушев: Владата донесе одлука со кредит да го помогне рестартирањето на Југохром

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев го посети металуршкиот комбинат Југохром Алзар во Јегуновце, по одлуката на Владата да се помогне за рестартирање на фабриката. На последната седница на Владата, донесена е одлука, преку Македонската банка за поддршка на развојот, со комерцијален кредит од 1,5 милион евра, да се помогне Југохром да се рестартира.

„Имајќи го предвид значењето на Југохром за целиот регион, значењето за тоа колку семејство егзистираат од неговата работа во целиот регион, како и значењето на комбинатот за целокупната економија во државата, Владата донесе одлука да помогне со ликвидни средства за рестартирање на објектот. Тие средства не се наменети само за една цел, туку за да се затвори финансиската конструкција на сопственикот, да може да го стартува погонот. Филтерот веќе се гради и комбинатот ќе биде стартуван на пролет согласно сите разговори“, истакна вицепремиерот.

Анѓушев потенцираше дека за да се рестартира фабриката обврска на сопственикот е да заврши со изградбата на систем за отпрашување, што значително ќе ја заштити животната околина и квалитетот на воздухот во овој регион.

„После подолги разговори со сопственичката струката на Југохром дојдовме до решение тие да мора да изградат филтер со цел да биде заштитена животната околина на граѓаните и од тоа нема отстапување и нема алтернатива. Моја порака до сопственичката структура е дека ќе мора да ги завршат своите обврски, но и до сите вработени дека тие својата егзистенција може да ја гледаат во оваа фабрика. Со овој потег ќе се направи еден голем исчекор во работењето на компанијата“, изјави вицепремиерот Анѓушев.

„Сакам да искажам голема благодарност до Владата за донесената одлука за финансиска поддршка која единствено имаше слух за проблемот и најде разбирање дека овој комбинат има перспектива. На нашите средби беше договорено дека Југохром ќе продолжи да работи само со изградба на филтерска постројка, а преку рестартирањето ќе се исполнат сите три сегменти, економскиот, социјалниот и еколошкиот“, истакна Васко Скендеровски, директор на фабриката

Системот за отпрашување на печките 7 и 8, којшто е во фаза на изградба, е во вредност од 4,2 милиони евра. Се очекува во наредните 5-6 месеци да се заврши изградбата и да стартува рестартирањето на овие две печки.

„Со системот за отпрашување се покриени најголемите печки на комбинатот, 7 и 8 кои опфаќаат 50 до 55% од вкупниот капацитет на комбинатот. Тоа подразбира дека враќањето на луѓето ќе започне многу скоро, затоа што тука ќе се гради интензивно и значи дека 550 семејства својата егзистенција ќе ја имаат гарантирано во оваа фабрика“, појасни Скендеровски.

Би можело да ве интересира

Од Југохром најавуваат дека е можно годинава да се догради системот за отпрашување

Ана Ололовска

Кочо Анѓушев ќе го продава велешки Борец на берза за 25.000 евра

Жарко Настоски

Отров од Југохром истекува во Вардар, се чека тендер за поправка на пречистителната станица

Жарко Настоски

Анѓушев: Работам согласно Уставот и законите

Ана Ололовска

Антикорупциска: Нема одговорност кај Анѓушев за хидроцентралата „Тополки“

Мери Јордановска

Анѓушев: Презедов обврска еден мандат да помогнам колку што можам

Ана Ололовска