Анѓушев: Нема конфликт на интереси со компанијата „Фероинвест“

Од:

Нема конфликт на интереси со компанијата „Фероинвест“. Не управувам со компанијата и како потпретседател на Владата не сакам да имам никаков бенефит од моето работење во Владата, изјави денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.

– Согласно Законот за спречување на корупцијата имам обврска да се повлечам од управувањето на компаниите. Никаде во тој закон нема дека треба да престанам да биде сопственик на компаниите. Јас не управувам со компаниите и како потпретседател на Влада не сакам да имам никаков бенефит од моето работење во Владата, нагласи Анѓушев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со учеството на „Фероинвест“ на тендерот за набавка на гумени траки за РЕК-Битола.

Тој потсети дека досега аукциите за набавка на гумени траки за РЕК Битола двапати се поништувани.

– Тендерот е почнат уште во април и двапати е поништуван. Моите компании во кои сум сопственик, а не управител, ќе се појавуваат секаде каде ќе оценат дека има простор за делување согласно законите и стратегијата на компаниите за нивни развој. Тоа се европски стандарди и стандардите во сите држави во развиениот свет, истакна Анѓушев.

Ги повика медиумите и јавноста да ги следат сите активности на неговите компании и да реагираат секаде кадешто ќе мислат дека има било каков конфликт на интереси.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

800 гости на корпорацискиот прием на Феро Инвест и Брако

Корпоративен прием по повод јубилејот 20 години ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО

Јубилејни часовници за работниците по повод 20 години од БРАКО и ФЕРОИНВЕСТ

„Фероинвест“ со нова услуга за чистење на кровни фотоволтаици за повисоко производство на панелите

Горан Наумовски

Тодор Анѓушев на конференција на „Марес“: Потребни се брзи законски измени за да може вишокот електрична енергија да се складира во батерии