Анѓушев: Либерализацијата на пазарот на електрична енергија корисна за комапниите

Од:

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија што требаше да се случи на 1 јануари годинава, но се пролонгира за 1 јули, би требало да направи финансиски бенефит, а не дополнително финансиско оптоварување за компаниите, вкупно 146, чиј список е веќе објавен на интернет страницата на МЕПСО, смета Кочо Анѓушев, новиот претседател на Македонската енергетска асоцијација (МЕА).

Според него, неинформираноста на компаниите и неподготвеноста на ЕВН да одговори на предизвикот се клучните причини поради кои процесот на либерализација беше одложен.

– Не станува збор за несакање на компаниите да се приклучат кон процесот на либерализација, туку за нивно неинформирање. Сепак, најважно е да бидат подготвени двете страни и ЕВН, како корисник и управувач со мрежата на дистрибуција кон која овие комапнии се приклучени, но и компаниите, изјави Анѓушев по денешната седница на МЕА на која беше избран за претседател.

ЕВН, додаде, сериозно се подготвува за претстојната либерализација. Воедно, од 5-ти март, ќе почнат подготвителни состаноци како вид едукација и информирање за сите 146 субјекти. Целта е до 1 јули да бидат подготвени и процесот да стартува со полн капацитет, без проблеми и финансиски импликации врз индустријата.

– Сите 146 индустриски објекти сега се снабдуваат со електрична енергија од еден испорачател. Доколку се донесе коректна висина на дистрибутивната такса, како и во останатите држави, се очекуваат позитивни финансиски импликации по цената на енергијата за нив, таа да биде пониска, напомена Анѓушев.

Одговорајќи на новинарски прашања, Анѓушев рече дека е логично, ако се намалува енергенсот што служи за производство на топлинска енергија, да може вонредно да се корегира цената на топлинската енергија.

Кочо Анѓушев на раководното место во МЕА доаѓа по Димитар Хаџимишев кој ја извршуваше оваа функција 17 години.

Покрај либерализацијата на пазарот на електрична енергија, пазарот на нафтените деривати и цените на топлинската енергија ќе бидат меѓу приоритетите на Асоцијацијата во претстојниот период.

– МЕА останува отворена за соработка со сите свои членки, со домашните и меѓународните институции од областа на енергетиката, истакна престедателот.

Македонската енергетска асоцијација постои од 2005 година, а дотогоаш функционираше како Одбор за енергетика. Меѓу членките во МЕА се и 14 од најголемите 20 македонски компании рангирани по промет.

Би можело да ве интересира

Отворени понудите за универзален снабдувач на електрична енергија за потрошувачите на регулираниот пазар

Горан Наумовски

РЕС ја зацврстува лидерската позиција во снабдувањето со електрична енергија на приватниот сектор

РЕС одбележува една гостина постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во енергетската криза

(ВИДЕО) Објавено е огромно откритие за нуклеарната фузијата, потенцијален извор за бесконечна енергија

Катерина Ѓуровски

Мерки за намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор во Грција

А1он

Македонија влегува во енергетска криза порачува Делегацијата на германското стопанство

Катерина Ѓуровски