Анѓушев: Екомијата стабилизирана, рејтинг агенциите потврдуваат дека запловила во мирни води

Од:

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев оцени дека и рејтинг агенциите потврдуваат дека државата запловила во мирни води и дека економијата и буџетот е стабилизиран.

Одговарајќи на новинарско прашање денеска во Велес потсети на објавените податоци за раст на бруто домашниот производ во првиот квартал е 3,1 проценти, порастот на индустриското производство во јули 2019 во однос на јули 2018 за 5,8 проценти и кумулативниот раст за седумте месеци од годинава за 4,9 отсто.

-Значи тоа се едни економски параметри кои рефлектираат стабилна економска политика што ја води оваа Влада и мислам дека со таква стабилна економска политика покажавме дека државата има просперитет. Само да потсетам економијата што ја наследивме беше минус, а од пад на бруто домашниот производ во вториот квартал во 2017 година континуирано го растеме, изјави Анѓушев.

Тој информира дека бројот на невработени константно опаѓа и сега е на рекордното најниско ниво од 17,5 проценти, и дека над 54 илјади луѓе се вработени во овие две години.

-Тоа што најмногу ме радува од последниот извештај на Државниот завод за статистика е тоа што бруто инвестициите во државата во вториот квартал годинава во споредба со вториот квартал лани пораснале за 11,1 проценти, а тоа значи дека има инвестиции како во индустријата, така и во градежништвото. Ваквите проекти само ќе придонесат и кон раст на градежништвото и кон користење на капиталните инвестиции и од буџетот и надвор од буџетот, рече Анѓушев.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов