Анѓушев: Четири компании одлучија да инвестираат во Македонија

Од:

Откако стигна веста за ратификација на Договотот од Преспа во грчкиот парламент добив информација од четири компании дека одлучиле да инвестираат во Македонија, истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на трибината „Силна економија – шанса за сите“ што се одржува во Велес.

Тој во одговор на прашање од стопанственик рече дека во моментов се разговара со стотина компании за инвестирање во земјава и посочи дека сите чекале да се реши проблемот со Грција, за да се одлучат дали да инвестираат.

-Сите беа ставени и чекаа на стенд бај и вчера со инфорамцијата дека помина гласањето во грчкиот Парламент добив четри потврди за инвестиции. Немојте да очекувате дека како претходно државата ќе ги насочува странските инвестции каде да инвестираат и да им вели во оваа општина ќе отвориме ТИРЗ, а ваму ќе ги помагаме доколку инвестираат. Тие ќе одат таму каде што имаат интерес и има неопходна работна сила, им порача Анѓушев настопанствениците присутни на трибината.

Порача дека платите во Република Македонија ќе растат како резултат на инвестициите што ќе дојдат, а за да ги привлечеме, додаде, неопходно е да има соодветно обучен кадар.

-Образованието ќе биде клучен проблем на македонската економија во следните неколку години, нема да се ниту субвенциите, пристапот до фондовите, урбанизмот, градежните дозволи. Со закон можете да создатете услови, но луѓе не можете да создадете. Кадар се креира низ образовниот процес, а ние го рунираве и напрвавиме за потсмев изминатите 15 години, рече Анѓушев, додавајќи дека е неопходно да се врати средното стручно образование.

Би можело да ве интересира

Анѓушев: Јас не го контролирам Парламентот, канцелариите за странски инвестиции ќе бидат отворени кога законот ќе помине на Парламент

Маја Илиевска-Пачемска

Анѓушев: Работам согласно Уставот и законите

Ана Ололовска

Антикорупциска: Нема одговорност кај Анѓушев за хидроцентралата „Тополки“

Мери Јордановска

Анѓушев: Презедов обврска еден мандат да помогнам колку што можам

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Политичката и економската стабилност ја донесе германската компанија Гересхајмер која ќе отвори 400 работни места

Кина ќе инвестира 20 милијарди долари во Србија до 2025 година