Ангеловска: За два месеци 203.605 прегледи на Отворени финансии, транспарентноста останува наш приоритет

Од:

За два месеца платформата Отворени финанси имала 203.605 прегледи од страна на 19 илјади корисници, кои просечно поминувале 7.07 минути, покажуваат податоците на Министерството за финансии.

Најмногу отворања, односно 92 отсто се од земјава, два отсто од САД, еден од Германија и останатите пет отсто од повеќе земји меѓу кои Србија, Австрија, Бугарија…

-Пред околу два месеци, го отворивме Трезорот на државата на увид под будното око на јавноста. Граѓаните сега може да следат каде оди секој денар од државната каса. Транспарентноста останува наш приоритет. Покрај Open Finance, набргу ја отвораме и платформата за јавен долг, со која јавноста ќе може да го следи долгот, односно задолжувањата и раздолжувањата, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

Според неа  #ОтворениФинансии open.finance.gov.mk е највисок степен на фискална транспарентност и отчетност.

-Фискалната транспарентност, додава, е основата во градењето на ефикасен систем на јавни финансии, врз кои пак се темелат економскиот раст и развој на секоја земја.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Ангеловска да одговори колку ја чинат државата, вработувањата по објавата за избори

Ана Ололовска

Ангеловска: Реализацијата на капиталните инвестиции во рамките на просекот, јавниот долг стабилизиран

Ана Ололовска

Димитриеска-Кочоска јавно побара да и се одговори колку согласности се издадени за вработувања

Ана Ололовска

Ангеловска: Преку обуки и креирање вештини за успех до поголема вработеност на младите во земјава

Ана Ололовска

Ангеловска: Дополнителната заменик министерка има целосен увид во работата на МФ

Драган Поповски

Елези: На повиците од Министертвото за финансии проекти одобрени за сите полошки општини

Ана Ололовска