Ангеловска: Внимателност со какви било промени кај ДДВ, евентуални интервенции по детална анализа

Од:

Треба да бидеме внимателни со какви било промени кај Данокот на додадена вредност. Ако се носи каква било одлука за промена на овој данок како евентуална антикризна мерка тоа би било по детална анализа и врз основа на факти и издржано и без да наштети на економијата, оцени денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа потсети дека уште пред здравствената криза се почнати анализи во Министерството за финансии и оти треба да има промени во делот на повластените даночни стапки, затоа што има нелогичности.

-Се наоѓаме во предизборен период и криза, претходно во техничка Влада, сега сме на неполни две недели до изборите и самите политичи партии во своите програми имаат одредени пакети на понуди и мерки што ќе ги преземаат во врска со данокот на ДДВ. Ако погледнеме во програмата и мерките за ДДВ јас би кажала дека треба да бидеме многу внимателни со каква било промена на Данокот на додадена вредност и од економска логика и од аналитична и компатаративна со другите земји, рече Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

Како што укажа, интевренциите кај овој данок за опоравување и како антикризни чекори и мерки се во држави што имаат силна наплата на приходи и многу поголем капацитет за прибирање давачки и поголема можност согласно тоа.

-Кај нас ДДВ, како фазен данок, имаме 18 проценти повластена даночна стапка, уште кога дојдов во Министерството за финансии почнавме да работиме на анализи и хармонизација во дел на ДДВ, конкретно повластените стапки со ЕУ и компаративно работевме на случајот. Но, се случи кризата и секако дека тоа останува да се работи и понатаму дека ќе треба да претрпиме одредени промени во делот на повластените даночни стапки, бидејќи има одредени нелогичности што останале така со години, односно не се променети над 20 години, рече Ангеловска.

Ако гледаме системски, дополни, тука треба да ги подобриме работите многу, а воедно да работиме на сивата економија, да ја подобриме наплатата на Данокот на додадена вредност. Но, како антикризна мерка по направена детална анализа верувам ако се носи каква било одлука за промена на овој данок ќе биде со факти, поктковано, издржано и нема да наштети на што било друго во нашата мала и отворена економија, оцени Ангеловска.

Би можело да ве интересира

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

Мицкоски: Им фалат пари во буџетот, затоа зголемуваат данок на основни производи

Ковачевски: И 10 отсто е повластена стапка, имаме најнизок ДДВ

За власта луксуз е да јадеме риба и овесни снегулки, а мајонезот е поскап оти се грижи за нашето здравје

Орце Костов

Стојаноски: ДДВ е зголемено и за производи со замрзнати цени

МФ: Најниска повластена стапка на ДДВ за основните прехранбени производи, листата се дополнува и со дигиталните учебници

Горан Наумовски