Ангеловска: Ситуацијата со коронавирусот е погодна за трговијата преку интернет

Од:

Министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил попладнево напиша дека значајно расте бројот на нови е-продавници и е-трансакции во време на пандемијата.

– Компаниите се адаптираат и отвараат нов продажен канал за полесен пристап до потрошувачите, справување со намалениот промет на физичките локации, како и зголемување на конкурентноста и пристап по поголем пазар, напиша Ангеловска.

Во март има отворено скоро еднаков број на е-продавници, како во цела 2019 година. Но, како што посочува Ангеловска, значајно расте и бројот на нерегистрирани продавачи, поради што денеска заедно со УЈП, Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Стопанската комора, Сојузот на стопански комори, Асоцијацијата за е-трговија и Агенцијата за пошти разговарале за она што може да се преземе веднаш како одговор во борбата против сивата економија во е-трговијата.

– Во Министерство за финансии уште пред кризата изготвивме предлог акциски план за борба со сивата економијата, во кој воведовме посебен дел наменет за сивата економија во е-трговија, кој вклучува активности за системски решенија, градење на капацитетите на институциите и кревање на свеста кај граѓаните. На кус рок ќе ги зајакнеме расположивите институционални механизми и контроли со цел да се намали сивата економија, додека на среден рок потребна е законска рамка за е-трговија која ќе ги постави јасно правилата со цел – од една страна да се заштитат потрошувачите и нивните права, а од друга страна фер конкуренцијата на пазарот и наплатата на давачките во државната каса, пишува Ангеловска на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Вредноста на онлајн трансакциите во 2023 изнесува 649 милиони евра, информира Асоцијата за е-трговија

Орце Костов

Македонците најмногу пари онлајн потрошиле во Велика Британија

Ана Ололовска

Fashion Group освои седум награди на E-commerce Awards 2022

Ана Ололовска

Македонецот купува онлајн еднаш до два пати во 3 месеци, прави нарачки најчесто до 50 евра, а најмногу нарачува од домашни е-трговци

Ана Ололовска

Македонците најмногу купувале онлајн од Обединетото Кралство, Ирска и Унгарија

Ана Ололовска

Македонците потрошиле 203,1 милиони евра купувајќи од домашни онлајн продавници

Ана Ололовска