Ангеловска: Реализацијата на капиталните инвестиции во рамките на просекот, јавниот долг стабилизиран

Од:

Реализацијата на капиталните инвестиции во 2019 година е во рамките на просекот во изминатите 10 години или нешто над просекот, а јавниот долг е стабилизиран, оцени денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Реализацијата на капиталните инвестиции за минатата година беше објавена и изнесува 78 проценти, но таму не се вклучени големите капитални проекти што се реализираат преку ЈПДП, кое имаше одлична реализација од над 85 проценти. Што значи, дека можеме да кажеме оти имаме над 80 проценти реализација на капиталните инвестиции што е во рамки или нешто над просекот во изминатите 10 години, рече Ангеловска во одговор на новинарско прашање по увидот во градежните активности за изградба на корзото во Општина Ѓорче Петров.

За јавниот долг оцени дека се стабилизрал во последните две години и додаде дека задолжувањето се користи за редовно финансирање на буџетскиот дефицит и за отплата на старите долгови.

-Јавниот долг за 2019 година согласно фискалната стратегија, прво се предвидуваше да заврши на 51,7, потоа ревидиравме и кажавме дека треба да очекуваме да заврши на 50,4, а годината ја завршивме на 48,9. Ако ја погледнеме кривата на долгот ќе видиме дека се работи за значајна стабилизација на јавниот долг во последните две години. Се работи за редовно финансирање на буџетскиот дефицит и отплата на старите долгови кои оваа година изнесуваат 440 милиони евра, посочи Ангеловска.

Прашана зошто не се исплатени платите во образованието и градинките, Ангеловска посочи дека не и познато дали е пристигнат налог за исплата до трезорот и дали е реализиран.

-Реализацијата на приходната страна и на расходната страна на Буџетот за јануари е одлична, има одлична наплата на приходите и реализација на расходите согласно планот и проекцијата. Буџетот е ливиден, се тече непречено и сите барања кои се процесуираат од институциите до трезорот се реализирани. Но, не ми е познато дали е пристигнат налог до трезорот за исплата на платите во образованието и градинките и дали е реализиран, бидејќи се се процесуира во најбрзи можни рокови, рече Ангеловска.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска