Ангеловска: Растот на економијата во 2020 проектиран на 3,8 отсто, дефицитот 2,3

Од:

Растот на економијата следната година според владината проекција е 3,8 отсто. Ова го соопшти денеска министерката за финансии Нина Ангеловска одговорајќи на новинарски прашања, споделувајќи ги основните контури од буџетот за 2020 година која е во владина процедура.

Потенцира дека буџетот треба да биде усвоен следнава недела на седница на Влада, а дека во фокусот на буџетот за 2020 година е инвестирање во човечкиот капитал.

Истакнувајќи дека ќе биде соопштен пред јавноста предлог буџетот за 2020 година откако ќе биде усвоен на Влада, сподели само податок за расатот на економијата и дека дефицитот ќе биде 2,3 отсто согласно фискалната стратегија.

Раст на економијата следната година од 3,8 отсто проектира и Народната банка.

Би можело да ве интересира

Босна ги одложи изборите за 15 ноември, не обезбедиле пари за нивно одржување

А1он

Министерството за финансии го започнува процесот на издавање еврообврзница

Ландов

Ангеловска: Буџетот на Здравство е навистина добро скроен и може да издржи дополнителни потреби

Ландов

Мартенс: Правна и долгорочна сигурност за инвеститорите при процесите на планирање

Ана Ололовска

Скопје рангирано во две категории на „фДи“ Магазинот за европски градови и региони на иднината за 2020/21

Ана Ололовска

Ангеловска: Ќе го забрзаме растот на земјава со примена на дигиталните технологии