Ангеловска: Рано да се зборува колку компании ќе се пријават за мерката минимална плата

Од:

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска на прес-конференција рече дека се уште е рано да се зборува колку компании ќе се пријават за мерката од вториот економски пакет за минимална плата по вработен, бидејќи процесот на апликација се уште не е започнат.

Таа посочи дека компаниите за мерката минимална плата од 14.500 денари по вработен ќе можат да аплицираат во текот на следните недели до 5 мај за да ја добијат финансиската поддршка за да им се помогне за платите за месец април.

– За оваа мерка во моментов не можеме да разговараме за бројки, затоа што се уште не започнал процесот на апликација за да кажеме колку компании се пријавиле. Она што исто така е важно да бидеме прецизни и точни во комуникацијата, да не креираме нејаснотии и дилеми, рече таа.

Во врска со бескаматните кредити на Македонската развојна банка, Ангеловска рече дека имало голем интерес за нив.

– Она што беше објавено дека првите компании кои што имаат одобрени бескаматни кредити во износ од 1,2 милиони евра се околу 130 компании. А бројот на апликанти е поголем и се обработуваат сите апликации што пристигнуваат до Македонската развојна банка и од таму се залагаат да бидат што побрзи во обработката на апликации за што поскоро ги стават на располагање средствата на компаниите. Се работи за првата линија од 5,7 милиони евра, што овозможува од 3.000 до 30.000 евра бескаматни кредити наменети првично за погодените индустрии – туризам, угостителство и транспорт, рече таа.

Министерката појасни дека втората линија бескаматни кредити од осум милиони евра ќе биде многу скоро објавена и истата ќе се однесува на сите погодени, не само на овие дејности, и тоа ќе бидат исто така бескаматни кредити, и исто така со лесен начин на аплицирање и ќе бидат ставени на располагање од 3.000 до 90.000 евра.

Би можело да ве интересира

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Синдикалната минимална кошница за март 58 998 денари, само за еден месец се зголеми за 1522 денари

Орце Костов

Ковачевски: Успеавме просечната плата да ја издигнеме на 40.000 денари

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Околу 20.000 вработени не добиле плата за ноември лани

Бројот на вработени во ТИРЗ достигна 18.000, бруто платата надмина 60.000 денари

Орце Костов