Ангеловска: Министерството за финансии со раст од 9,1 процент во индексот на активна транспарентност

Од:

Министерството за финансии има раст за 9,1 процентни поени во индексот на активна транспареност во 2019 споредено со 2018 година, објави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

-Кон крајот на 2019 година лансиравме три алатки со кои на јавноста и дадовме целосен увид врз трезорот на државата, врз реализацијата на капиталните раходи по буџетски корисник и врз јавниот долг кои значајно ја зголемија транспарентноста: https://open.finance.gov.mk/ , https://kapitalni-rashodi.finance.gov.mk/, https://javendolg.open.finance.gov.mk/ Дополнително редовно се објавуваат месечно и квартално бројни и извештаи и податоци, а минатата година беше и променет Законот за јавен долг со кој негарантираниот долг стана дел од јавниот долг и со кој Стратегијата за јавен долг се издвои како посебен документ од Фискалната стратегија (кој до сега беше составен дел од Фискалната стратегија), наведува Ангеловска.

Таа потенцира дека транспареноста е клучна во сите аспекти и значи поголема одговорност и отчетност пред јавноста.

– Нашето мото е секако дека секогаш се може подобро – ќе се стремиме следната година да бидеме уште подобри во индексот на активна транспарентност како и во сите аспекти од работењето, пишува Ангеловска, упатувајќи честитки на Министерство за одбрана за порастот од 13 процентни поени и првото место на Индексот на транспареност.

Би можело да ве интересира

МФ: Заокружена финансиската конструкција за изградба на Гасниот интерконектор со Грција, обезбедени 98,6 милиони од ЕБОР

МФ: Се проширува поддршката од Трезорот на САД – Нов Договор за зајакнување на капацитетите за надзор над небанкарскиот финансиски сектор

МФ: Конзистентноста во политиките, напорите за фискална консолидација и економски раст потврдени од „Стандард и Пурс“, задржан кредитниот рејтинг

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Деаноски: Доколку Уставниот суд одлучи да се запре надополнувањето на платите за 30 отсто на вработените во МФ, постои опасност од затворање на трезорот

Членови на УПОЗ на протест за времената мерка со која им се запре исплатата на зголемувањето за 30 отсто на платите

Катерина Ѓуровски