Ангеловска: Домашната платежна картичка инјекција од 28 милиони евра за домашното стопанство

Од:

Домашна Платежна Картичка е инјекција од 28 милиони евра за домашното стопанство. Покрај поддршката кон граѓаните, оваа мерка ќе дејствува како катализатор на економската активност и ќе придонесе за намалување на ударот од COVID-19 кризата, напиша министерката за финансии Нина Ангеловка на својот фејсбук профил.

-Картичката од една страна ја стимулира приватната потрошувачка, која учествува со 65 отсто во БДП. Од друга страна, сите средства се насочени кон производи и услуги, со што се поддржува домашниот производствен и услужен сектор, стои во објавата.

Додава дека според сценаријата кои ги направивме во Министерство за финансии, домашната платежна картичка ќе го подобри економскиот резултат на земјава во третото тримесечје за 0,7 – 0,9 процентни поени.

-Вакви мерки користат и многу други земји за стимулирање на домашните економии во време на COVID-19 кризата, како Австрија, Словенија, Кина, Америка …,наведува министерата.

За побрзо надминување на кризата и подобри економски резултати, порачува, можеме да придонесеме сите – со тоа што ќе одбираме македонски пред останатите производи #КупувамДомашно.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Платежни картички и за пензионерите, невработените и самохраните родители

А1он

Ангеловска: Домашната платежна картичка ја искористиле 309.337 граѓани, вкупниот промет 26,5 милиони евра

Ана Ололовска

Заврши рокот за „купувај домашно“: Граѓаните со картичките се прехрануваа, аналитичарите сега бараат долгорочни економски мерки

Ландов

Лекари од Штип добиле по 322 денари од државата за борбата со коронавирусот

Маја Илиевска-Пачемска

Ангеловска: 300.000 платежни картички издадени до 25 јули

Жарко Настоски

Парите од државните картички доделени на иселени и починати ќе се вратат во буџетот

Маја Илиевска-Пачемска